Потврда на бонитетната оцена »A«

Агенцијата за кредитен рејтинг, А.М.Бест, во рамки на редовната годишна ревизија, повторно им ги потврди бонитетната оцена за финансиска моќ »A« (одлично)  и бонитетната оцена за кредитна способност на издавач на обврзници »a« на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре. Бонитетните оцени за двете компании имаат стабилна среднорочна прогноза. Според изјавите на А.М. Бест, потврдата на високите оцени е одраз на доброто работење на Групацијата Триглав, нејзината адекватност на капиталот, како и соодветно управување со ризици.

 

Групацијата Триглав е добро капитализирана, со резервациите управува претпазливо и има добар степен на финансиска флексибилност. Нејзиното работење во последните години се оценува како многу добро, иако на него сѐ уште влијаат ниските каматни стапки, состојбата во сегментот на осигурување на живот, моќната конкуренција и комплексните услови на пазарот. Агенцијата ја нагласува предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува, дека Групацијата вон Словенија го подобрува работењето, пред сѐ преку зајакнување на својот опсег, како  и активна потрага по дополнителни рентабилни продажни канали.

 

Агенцијата за кредитен рејтинг А.М. Бест, при потврдување на високата бонитетна оцена за компанијата ќерка Позаваровалница Триглав Ре, ја нагласи нејзината клучна улога како реосигурувач на сите компании, членови во Групацијата Трилгав.


Complementary Content
${loading}