Триглав Осигурување Живот со уникатна можност за своите осигуреници, членство на Сторнест услугата со секоја полиса!

Почитувани клиенти,

Пристапот до услугата на  Сторнест овозможува чување на сите податоци за расположив имот на секој поединец на своја посебна заштитена сметка. Сопственикот на сметката самостојно одредува лица на кои може да се пренесат податоците за расположив имот при настанување на немил настан. Со тоа,  најблиските лица на осигуреникот може веднаш да ги добијат податоците за расположив имот и хартии од вредност со кои располагал осигуреникот, насекаде низ светот, единствено во случај на немил настан.  Услугата се темели на  веб базирана платформа на која клиентите можат да ги прикачат посакуваните информации и документи од важност, во формат по желба, и тоа:  полиси за животно осигурување, имотни листови, банкарски депозити, крипто валути, и слично. Сепак, најголемата придобивка е безбедноста и сигурноста на начинот на чување на информациите. Платформата  користи една од најбезбедните “blockchain” технологии преку која документите се енкриптираат додека трае самото прикачување, што значи дека провајдерот  ги добива во енкриптирана форма и нема никаков пристап до информациите. Податоците потоа се чуваат на Амазон веб серверите кои важат за едни од најсигурните во светот. Сите осигуреници на Триглав Осигурување Живот кои имаат желба да добијат своја заштитена сметка – чувар на податоци ќе ја добијат услугата без надоместок, за време на целото траење на договорот за осигурување.

За подетални информации повикајте го нашиот центар за грижа на корисници 0800 0 4444, пишете ни на Viber 078/200-580 или испратете порака на нашата емаил адреса info@triglavzivot.mk.



       За живот со насмевка!

                   




Complementary Content
${loading}