Дополнително осигурување од несреќен случај

Вашиот живот е скапоцен – осигурете се за да ви биде удобен и сигурен. Иднината не можеме да ја предвидиме, но ја планираме и бидејќи знае да нѐ изненади, најдобро е да се осигури.

 


 

Дополнителното осигурување од несреќен случај може да се склучи со приклучување кон основното осигурување на живот со штедење и во зависност од тоа дали премијата се плаќа на рати, или еднократно.

 

Предности на ова осигурување:

  • Во случај на смрт поради несреќен случај во сообраќајна незгода на корисникот на осигурувањето се исплаќа 150% од договорената сума,
  • Во случај на несреќен случај, којшто резултира со траен инвалидитет и којшто според табелата на инвалидитет е сто процентен, осигурената сума за траен инвалидитет се дуплира,
  • Ако е договорена месечна рента и настане инвалидитет, којшто според табелата се проценува како најмалку педесет процентен, се обезбедува исплата на договорената месечна рента во траење од 5 години,
  • Надоместот за болнички ден обезбедува покритие во случај на преноќување на осигуреното лице во болница, поради лекување на последиците од несреќен случај, односно последици од зараза со салмонела или легионела.