Дополнително осигурување за тешки болести и повреди

Дополнително осигурување за тешки болести и повреди

Склучете дополнително осигурување за тешки болести и повреди и бидете осигурeни во случај на прво појавување на една од тешките болести и обезбедете финансиска поткрепа, која ќе ви го олесни лекувањето и закрепнувањето.

 

Ова осигурување е дополнување на основното осигурување и обемот на покритие зависи од избраниот пакет за ова дополнително осигурување.

 

Основниот пакет вклучува покритие за 4 тешки болести:

* срцев инфаркт,

* рак,

* мозочен удар и

* откажување на бубрезите.

 

Проширениот пакет вклучува:

- покритие за 23 тешки болести и повреди за осигуреникот,

- покритие за 20 тешки болести и повреди за децата на осигуреникот,

- второ медицинско мислење за осигуреникот

 

ПРЕДНОСТИ

* Можност за избор на пакет на покритие

* Широка листа на покритиja за тешки болести и повреди

* Широка листа на покритиja за тешки болести и повреди за сите деца на осигурениот

* Второ медицинско мислење, со кое осигурениците можат да проверат и утврдат дали иницијално поставената дијагноза е правилна и дали пропишаната постапка за лекување е најсоодветна. Целата постапка за остварување на правото nа второ медицинско мислење за осигуреникот се одвива преку асистентскиот центар TBS Team, коj е достапeн 24/7.