Процена на влијанието на пандемијата врз работењето на Групацијата Триглав во 2020 година

23. 4. 2020

Триглав успешно ги совладува пречките во услови на предизвик

 

 

Поради влијанието на пандемијата COVID-19 врз економската активност и финансиските пазари, во првото тромесечје од оваа година, се променија некои основи кои Групацијата ги примени во подготовката на планот на работење во 2020 година. Поради големата неизвесност во однос на идниот развој на пандемијата Групацијата објави изјава за процената на можните ефекти од пандемијата врз основните категории на планот, земајќи ги во предвид анализите на веројатните сценарија. Групацијата проценува дека нејзиното осигурително и инвестициско портфолио се доволно отпорни, додека капиталната позиција е соодветна за да може успешно да се носи со зголемените ризици кои произлегуваат од условите предизвикани од пандемијата COVID-19. Групацијата Триглав во услови на пандемија првенствено се погрижи за здравјето на вработените, клиентите и партнерите како и за другите заинтересирани страни, преку обезбедување на континуитет на деловното работење со целосен пристап и обезбедување на цела палета на услуги на далечина со помош на дигиталните решенија. Реакциите и мерењата покажуваат дека клиентите се задоволни со услугите на Триглав.

 

Групацијата Триглав изминатата година ја заврши финансиски стабилно и со добри резултати. Во согласност со својата добра пракса за транспарентно известување, во декември 2019 го објави планот за работа за 2020 година, којшто се темелеше на дотогаш познатите основи и претпоставки. Поради условите на пандемија и состојбата на меѓународните финансиски пазари условите се изменија. Бидејќи идниот развој на пандемијата и неговото влијание врз економијата и финансиските пазари сè уште е неизвесен, а финансиските пазари се многу нестабилни, тешко е со сигурност да се проценат ефектите врз работењето на Групацијата под сегашни услови. Затоа Групацијата дава проценка за влијанието врз работењето земајќи ги во предвид различните сценарија што ги смета за најверојатни во тековните околности.

 

Проценката на последиците се темелат на следните појдовни точки:

  • Во март 2020, Банката на Словенија ја објави анализата на влијанието на корона вирусот врз словенечката економија во која се проценува дека оваа година е можен пад на БДП, без да се земат во обѕир фискалните мерки на државата и истиот може да изнесува 6 - 16%. Врз основа на донесените и најавените фискални мерки, Триглав во процената предвидува дека  реалниот пад на БДП годинава во Словенија ќе биде малку понизок од горенаведеното, на 2 - 6%. Сценаријата се засноваат на различна проценка на предвиденото времетраење на застојот на економијата и брзината на закрепнување по олабавување на ограничувањата. Слични ефекти може да се очекуваат во поширокиот регион каде е присутна Групацијата Триглав.

 

  • Во сценаријата се земени во предвид и шоковите со различен интензитет на меѓународните финансиски пазари, и тоа, на премиите за ризик на државните и корпоративните обврзници, цените на акциите и цените на недвижностите. Сценаријата предвидуваат повисоки почетни шокови, а потоа постепено смирување на условите до крај на 2020 година. 

 

Категорија Опсег на вредности во сценаријата во однос на 31. 12. 2019.
Просечни премии за кредити (државни обврзници, 10 години)

Почетен шок: од +75 б.т. до +200 б.т.

Крај 2020: од +40 б.т. до +135 б.т.

Просечни кредитни премии (корпоративни обврзници, 10 години)

Почетен шок: од +140 б.т. до +250 б.т.

Крај 2020: од +70 б.т. до +170 б.т.

Цените на акциите Од -20 % до -35 %
Цени на недвижности Од 0 % до -15 %

 

  • Предвиденото влошување на економската состојба и застојот во секторот производство и услуги во Словенија и во регионот ќе влијаат на осигурителниот и техничкиот дел од работењето на Групацијата. Триглав проценува дека влијанието во прв ред ќе се одрази на полисираната премија за осигурување и техничкиот резултат на осигурување на имот. Со оглед на планот, во тој сегмент веројатно ќе се намали обемот на премиите од автомобилски осигурувања (осигурување на моторни возила - каско и осигурување од автомобилска одговорност), пред сѐ заради намалена продажба на нови возила, обнова на регистрација на постојните возила и намалување на покритијата. Во некои сценарија земена е во предвид и намалена продажба поради пречките за договарање на тие осигурувања. Како резултат на намалената економска активност, веројатно е намалувањето на премиите од осигурување на живот, осигурување на имот, кредити и општа одговорност, како и помала побарувачка за здравствено патничко осигурување. Поради ефектот на преносна премија, падот на нето приход од премијата од осигурување веројатно ќе биде понизок од падот на бруто полисираната премија од осигурување. Воедно, поради намалената економска активност и ограничување на движењето предвидено е и намалување на расходот за штети кај некои видови осигурувања. Како последица од пандемијата, Триглав кај осигурувањата на живот, во одредена мера ја зема во обѕир веројатноста за зголемена исплата по основ на смрт и зголемување на предвремени прекини кај осигурувањата на живот.

 

  • Шоковите на финансиските пазари, првенствено промените во кредитниот распон на државните и корпоративните обврзници, влијаат на повратот на инвестициите и на пазарната вредност на средствата и обврските на Групацијата Триглав, а со тоа и на износот на коефициентот на адекватност на капиталот. Намалување на пазарната вредност, а со тоа и на висината на финансиските средства под управување, се одразува и на пониските приходи од управувањето со средствата на клиентите.

 

  • При проценка на влијанието земени се во предвид пониски инвестиции и пониски трошоци за деловно работење. Групацијата притоа предвидува намалување на оние трошоци и инвестиции кои не се неопходни за остварување на стратешките проекти и други развојни активности предвидени во стратегијата. Во сценаријата се предвидени и пониски трошоци за аквизиција на осигурување како резултат на намалувањето на обемот на премиите за осигурување.

 

Групацијата проценува дека нејзиното осигурително и инвестициско портфолио се доволно отпорни, додека капиталната позиција е соодветна за да може успешно да се носи со зголемените ризици кои произлегуваат од условите предизвикани од пандемијата COVID-19. Со оглед на наведените појдовни точки, се проценува дека ефектите врз основните категории на деловниот план на Групацијата Триглав за 2020 година ќе бидат следни:

 

Основни категории План за 2020 Опсегот на веројатните ефекти на сценариото, т.е. планирана вредност
Добивка пред оданочување 95 – 105  милиони евра намалување 10 – 25 отсто
Премија од осигурување околу 1,2 милијарди евра намалување 3 – 5 отсто
Комбиниран коефициент под 95 проценти под 95 проценти

 

Врз основа на горенаведените сценарија, се проценува дека ефектот врз адекватноста на капиталот на Групацијата на крајот на 2020 година ќе биде намалување од 15 до 30 процентни поени. Како дел од анализата на влијанието на пандемијата врз перформансите на Групацијата Триглав во 2020 година, дополнително беа испитани ефектите од особено негативниот шок на финансиските пазари, во кои падот на цените на акции и цените на недвижностите и растот на кредитниот распон би биле споредливи со состојбата при последната финансиска криза од 2008 година, додека кривата на безризични каматните стапки дополнително би се намалила. Во случај на такво сценарио, се проценува дека адекватноста на капиталот на Групацијата би била дополнително намалена, но најверојатно ќе остане над 175%.

 

Групацијата Триглав останува верна на својата стратегија, а нејзината имплементација и понатаму ќе биде прилагодена на условите на работење. Во време на пандемија ќе се погрижи пред сѐ за заштита на здравјето на вработените, клиентите, партнерите и другите засегнати страни и понатаму ќе воспоставува континуирано работење на сите пазари. Притоа, Групацијата истрајно го применува целокупниот пристап на продажба и стратешките решенија во насока на деловно работење на далечина, кои добија дополнителен интензитет во тековните услови. Мерењата спроведени во април годинава покажуваат дека клиентите добро го прифатиле овој вид деловни активности и нивното задоволство од услугите на Триглав е подобрено во однос на минатата година.

 

Групацијата Триглав предвидува дека во првата половина од годината ќе може со поголема сигурност да го процени влијанието на променетите услови и условите на предизвик во кои работи годинава, а врз основа на тоа ќе го ревидира својот годишен деловен план за 2020 година. Во тој случај, ревидираниот план заедно со резултатите од работењето во првата половина од 2020 година ќе бидат објавени на 18.08.2020 година.