Одговорност и обезбедување на транспарентна информација при продажба на полиса за осигурување на Живот

#interview #triglavstories

Дијана Атовска-Директор на сектор за управување со продажба

Одговорност и обезбедување на транспарентна информација се дефиниции кои најлесно го опишуваат успешно реализираниот процес при продажба на полиса за осигурување на Живот.


Почнувајќи од процесот на преговори па се до склучувањето на полисата за осигурување, на нас е одговорноста да го најдеме најдоброто решение за клиентот согласно неговите барања и потреби. Информацијата е кај нас и потребно е посветен пристап и обезбедување на одговор на секое прашање од нашиот клиент и само на тој начин можеме да добиеме клиент на долг рок кој верува во нас и во она кое ние го нудиме.

Продажбата е срцето на секоја компанија, а најважни се истрајноста и посветеноста кон она што го правиме и она во кое веруваме. Свесни сме дека силата на продажбата е во тимот но и задоволството на вработениот како единка. Процесот на градење на тим е специфичен процес и бара голема истрајност и континуирано усовршување.

Наша мотивација е задоволството и лојалноста на нашите клиенти, секојдневно ja креираме сигурната иднина за нашите осигуреници и нивните семејства, но и иднината на вработените на нашите корпоративни клиенти кои ја уживаат привилегијата користат осигурување од нашата палета на производи. Пред се се стремиме да бидете добри слушатели и да ја разбереме потребата на секој клиент, а тоа се гради низ искуството и преку редовните обуки на продажниот тим кој кај нас е редовна практика.

Сè ќе биде во ред.


 

 


Complementary Content
${loading}