Кога имаш визија  за иднината, мора да  вдахнеш живот и да  дозволиш да живееш без ограничувања. Животот е полн со можности. Понекогаш знае да биде наивен како детска игра, но со многу возбуда. Полн е со предизвици, но ќе стигнеме до врвот само ако почнеме да се искачуваме.

Затоа, живеј го животот по свое, обвиен во љубов и сигурност.

Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници, сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа, секој од нас како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој чекор, колку  и да е мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност. Тоа важи како за мирните периоди, така и во време на неизвесност и промени.

Иднината на Групацијата „Триглав“ е полна со надеж и доверба, многу работа и посветеност, но и визија, во која фокусот е клиентот, како и развој на нови начини на работа, кои се темел на нашиот одговорен и долгорочен развој.

Извор за раст на профитабилноста се високо конкурентните и квалитетните услуги, ефикасното контролирање на ризиците и финансиската стабилност на Групацијата Триглав.

Во секоја долготрајно успешна организација, брендот е тој којшто ги гарантира квалитетот и препознатливоста, што е особено важно за организациите коишто нудат услуги. Нашите најдлабоки уверувања ги резимираме во основните вредности на брендот, што секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи и во односите со околината:

Агилност

На предизвиците се трудиме да одговориме брзо и ефикасно.

Едноставност

Нашиот фокус се клиентите, затоа нашите производи и процеси се едноставни, високо квалитетни и транспарентни.

Доверливост

Ги остваруваме дадените ветувања и градиме доверба кај нашите клиенти.
 

Покрај нашите вредности остануваме општествено одговорни

Одржливиот развој на Групацијата Триглав се темели врз општествената одговорност, која ги вклучува економскиот, законскиот, етичкиот и филантропскиот аспект.

Јадро на секој моќен бренд е неговиот идентитет. Тој е темел на работењето и на сите идни промени, што ќе не доведат до одржлив развој со одличен углед. Идентитетот на брендот Триглав го сочинуваат интегритетот во делувањето, достапноста во комуникацијата, семејството како извор на инспирација и мотивација и понудата на најголема вредност.

Во Триглав Осигурување Живот посветено работиме на постојано подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите внатре во компанијата, како и со клиентите и деловните партнери. Сметаме дека перцепцијата за компанијата, како и нејзиниот одржлив развој во најголема мера  се во рацете на самите вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата за учење.