Основно осигурување
Осигурувањето започнува секогаш во 00.00 часот првиот ден
од месецот кој следи по месецот на склучување на Договорот,
доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на
почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата
и полисата.
Дополнително осигурување
Кон ова осигурување нема можност да се вклучат дополнителни осигурувања.
Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена
првата премија или првата рата, односно еднократната премија.
Висината на осигурената сума за случај на смрт (основна осигурена сума) се определува при склучување на осигурувањето така што, по правило, не е пониска од висината на земениот кредит.
Осигурената сума за случај на смрт за времетраење на осигурувањето постепено се намалува во согласност со табелата
на фактори на годишни вредности на осигурената сума, така за да биде еднаква на нула по истекот на договорениот период на осигурување.