start portlet menu bar

Личен и кариерен развој

Display portlet menu
end portlet menu bar
Образование и развој
Стабилност во вработувањето
Здравје и благосостојба на вработените
Грижа за најблиските
Ние создаваме можности за доживотно учење и континуиран професионален развој. 
On boarding program – Програм за работно воведување на ново вработени

Програмска ориентација на сите нововработени и детално запознавање со производите, процедурите и  кодексот на етичко однесување во компанијата.

Менторството и коучинг

Програми за развој на компетенциите на нашите вработени, кои придонесуваат за зајакнување на конструктивна и поврзана организациска култура.

Законски задолжителни обуки

Обуки кои нудат континуирано професионално усовршување како и стекнување со лиценци неопходни за работење на друштвото.

Академија за млади перспективни кадри

TIBA (Triglav International Business Academy) е меѓународна бизнис академија, наш врвен едукативен програм во кој се усовршуваат млади и перспективни кадри. Поголемиот дел од учесниците во рок од неколку години обично заземаат раководни или лидерски позиции.

Секогаш сме тука за нашите вработени.
Стабилност во вработувањето
  • Програма “Горд сум во Триглав”
  • Тим Билдинг
  • Награди за вработени
  • Пакети за осигурување на вработени
Се грижиме за здравјето и благосостојбата на вработените.
Обука за безбедност и здравје при работа

Сите ново вработени поминуваат низ обука за Здравје и Безбедност при работа полагаат тест за сертификат и се запознаваат со најдобрите практики како лично да се заштитат.

Систематски здравствени прегледи

Сите вработени согласно законска регулатива на период од 2 години се упатуваат на контролен здравствен преглед кои го покрива компанијата

Се грижиме за нашите вработени и нивните семејства, бидејќи на тој начин секој ден го носиме најдоброто на работа.
Грижа за најблиските
  • Солидарна исплата во случај на смрт во семејството
  • Флексибилно работно време
  • Купување на рати со картичка за лојалност
  • Слободен ден за родители на првачиња
  • Новогодишни подароци и претстава за деца на вработени

Поволностите може да варираат помеѓу поединечните компании во Групацијата Триглав. Се стремиме да им обезбедиме на вработените во различни средини најдобри решенија, прилагодени на нивните потреби.