Добредојдовте во делот за лојалност на страната на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

“Triglav Smart Card” програмата претставува новина воведена за подигнување на свеста за здрав начин на живот, здрави навики и рана превенција, како начин за подобрување на грижата кон нашите лојални Осигуреници преку овозможување на дополнителни поволности.

Користете ги поволностите на картичката за лојалност и добијте одлична бенефиција преку одреден дефиниран процент на попуст кај некој од нашите соработници:


Листа на соработници   



Услови на користење на “Triglav Smart Card”



  • Станувајќи осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување во Триглав осигурување - Живот, се стекнувате со право на користење на Triglav Smart Card која Ви овозможува попуст кај бројни наши соработници.  
  • Право на користење на Triglav Smart Card имаат сите полнолетни Осигуреници на Триглав Осигурување - Живот;
  • Со приложување на Вашата Triglav Smart Card користите попуст на услугите кај бројни наши соработници;
  • Вашата Triglav Smart Card потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка;
  • Заради потврдување на сопственоста на Triglav Smart Card нашите соработници имаат право да Ви побараат да приложите лична карта;
  • Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија

Доколку, сеуште не сте ја добиле Вашата “Triglav Smart Card Ве молиме истата нарачајте ја на contact@triglavzivot.mk.


Повеќе информации околу програмата за лојалност можете да добиете на нашата емаил адреса info@triglavzivot.mk , на телефонски број за грижа на корисници 0800 04444 или испратете порака на Вибер бројот 078/200-580 


Триглав се грижи за Вашето здравје

* Доколку најдете изгубена картичка за лојалност Ве молиме пријавете на телефонскиот број за грижа на корисници на Триглав Осигурување Живот