Добредојдовте во делот за лојалност на страната на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

Triglav Card – Вашата лојалност на едно место

Како лојален клиент на Триглав Осигурување Живот, Вие заслужувате повеќе – повеќе бенефиции, повеќе    поволности и полесен пристап до сè што Ви следува.Затоа ја создадовме Triglav Card – модерна дигитална    апликација која ја носи Вашата програма за лојалност директно во Вашиот мобилен телефон.

Со Triglav Card добивате:

✅ Дигитална картичка за лојалност – секогаш со Вас
✅ Брз преглед на сите достапни бенефиции и попусти
✅ Известувања за нови понуди и ексклузивни поволности
✅ Едноставна и безбедна мобилна апликација
✅ Подобро корисничко искуство и целосна дигитализација

Сè што Ви е потребно – на едно место, достапно 24/7.

Користете ги поволностите за лојалност и добијте одлична бенефиција преку одреден дефиниран процент на попуст кај некој од нашите соработници кои можете да ги видите во Triglav Card апликацијата.


Сите физички картички за лојалност кои претходно ги имавте добиено од Триглав Осигурување Живот остануваат валидни и понатаму.


Услови на користење на “Triglav Card”

  • Станувајќи осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување во Триглав Осигурување Живот, се стекнувате со право на користење на Triglav Smart Card која Ви овозможува попуст кај бројни наши соработници.  
  • Право на користење на Triglav Card имаат сите полнолетни Осигуреници на Триглав Осигурување Живот;
  • Со приложување на Вашата Triglav Card користите попуст на услугите кај бројни наши соработници;
  • Вашата Triglav Card потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка;
  • Заради потврдување на сопственоста на Triglav Card нашите соработници имаат право да Ви побараат да приложите лична карта;
  • Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија

Како да ја преземете апликацијата Triglav Card?

Апликацијата е достапна за нашите клиенти и можете бесплатно да ја превземете на вашите iOS и Android уреди. Следете ги чекорите подолу:

За iPhone (iOS уреди)

  1. Отворете го линкот:
    👉 https://apps.apple.com/mk/app/triglav-card/id6751737420
  2. Кликнете на копчето “Get” / “Преземи”
  3. По преземањето, отворете ја апликацијата
  4. Следете ги инструкциите за регистрација или најава

За Android уреди

  1. Отворете го линкот:
    👉 https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.triglavzivot.app
  2. Кликнете на “Install” / “Инсталирај”
  3. По преземањето, отворете ја апликацијата
  4. Следете ги инструкциите за регистрација или најава

 

Со Triglav Card, Вашата лојалност добива нова дигитална вредност.

Биди во предност.

Добиј на вредност.

Преземете ја апликацијата и искористете ги сите поволности што Ви следуваат – брзо, лесно и безбедно.


Ажурирање на податоци за најава

Доколку сакате да ги ажурирате или коригирате податоците потребни за најава во апликацијата, ве молиме пополнете го следниот формулар:

👉 [Линк до формулар]

По приемот на пополнетиот формулар, вашиот барање ќе биде обработено во најкус можен рок, а ќе добиете повратна информација за понатамошните чекори.

Повеќе информации околу програмата за лојалност можете да добиете на нашата емаил адреса info@triglavzivot.mk , на телефонски број за грижа на корисници 0800 04444 или испратете порака на Вибер бројот 078/200-580




ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА TRIGLAV CARD

ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Како дел од Групацијата Триглав почитувањето на приватноста на поединците, вклучително и заштитата на личните податоци, е од суштинско значење за нас. 

Овие информации се наменети со цел запознавање на корисниците на апликацијата Тriglav Card во врска со обработката на личните податоци согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

 

ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

 | Контролор:  | Триглав Осигурување Живот АД, Скопје
 | седиште:  | Бул. 3-та Македонска Бригада, бр.36, 1000 Скопје
 | даночен број:  | 4080017568947
 | матичен број:  | 7233825
 | основна главнина:  | 7.000.000,00 EUR
 | телефон:  | +389 (2) 5102 201
 | веб-страна:  | www.triglavzivot.mk
 | е-mail:  | info@triglavzivot.mk 

 

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје во својство на Контролор на лични податоци ги обработува личните податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Законот за супервизија на осигурување, Законот за облигациони односи, Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и во согласност со другите законски и подзаконски прописи што го регулираат обемот и целите на обработката на личните податоци.

Во согласност со релевантните прописи, Контролорот има назначено Офицер за заштита на лични податоци со кој корисниците можат да контактираат за сите прашања поврзани со обработката на личните податоци и остварувањето на нивните права за заштита на личните податоци.

Со офицерот за заштита на личните податоци може да стапите во контакт преку адресата oficerlp@triglavzivot.mk .

 

ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје обработува само лични податоци кои се неопходни за користење на мобилната апликација Тriglav Card. Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува личните податоци чесно, законски и транспарентно и обезбедува нивна точност, комплетност, ажурираност и безбедност.

Податоците се собираат, обработуваат, чуваат и користат во согласност со позитивните законски одредби, за остварување на целите утврдени со закон, а во согласност со прописите од областа на осигурувањето (Закон за супервизија на осигурување, Закон за облигациони односи, Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Закон за заштита на личните податоци).

Кога корисникот ja пребарува веб-страната на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје без да се најави во мобилната апликација Triglav Card, тој пребарува анонимно, што е во согласност со заштитата на приватноста и личните податоци. 

Обработката на податоците се врши врз основа на регистрација во мобилната апликација Тriglav Card и прифаќање на Општите услови, како и на одредбите од договорот за осигурување склучен со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. Целта на обработката е да се изврши автентикација, да се прегледаат достапните партнери, нивните локации и понудени попусти поврзани со Тriglav Card картичката за лојалност.

 

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВРЗ ОСНОВА НА ЛЕГИТИМНИ ИНТЕРЕСИ

Обработката на податоците се врши и врз основа на легитимните интереси на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, кои вклучуваат:

-          подобрување, развој и надградба на услугите, системите и производите на осигурителната компанија за едноставно, ефикасно и сигурно работење;

-          техничко одржување на мобилната апликација на Тriglav Card со цел да се подобри безбедноста на апликацијата регулиранo со Општите услови и за спречување на злоупотреба;

-          следење на работата и аналитиката на веб-страницата на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ;

-          испраќање понуди до сите потенцијални клиенти на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и/или мобилната апликација Тriglav Card.

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработуваат личните податоци за специфични цели исклучиво врз основа на согласност на поединецот, за директен маркетинг, кој го спроведуваат за маркетинг на своите производи и услуги.

Во случај поединецот да даде согласност за директен маркетинг, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува следните податоци кои се однесуваат на нeгo:

-          име, презиме, адреса, датум на раѓање, е-пошта, телефонски број, број на мобилен телефон;

-          за маркетиншки цели, врз основа на согласност, според видот на осигурителниот производ кој Триглав Осигурување Живот АД, Скопје го пласира на пазарот, ќе се земат предвид барањата и потребите на клиентите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

 

КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

При користење на апликацијата Тriglav Card се обработуваат следниве категории на лични податоци:

-        податоци за корисничкиот профил на мобилната апликација Тriglav Card и податоци кои клиентот ги дава за време на постапката на регистрација и автентикација во согласност со Општите услови за користење на апликацијата;

-        податоци за име, презиме, адреса на живеење, адреса на е-пошта, број на мобилен телефон;

-        податоци за користење на мобилната апликација Тriglav Card (адреса на е-пошта, време на регистрација, последно време за најава, неуспешно време за најава, IP адреса);

Горенаведените категории на лични податоци, согласно целта за која се дадени, се обработуваат само од страна Контролорот. 

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје не разменува податоци од корисниците на апликацијата, односно личните податоци кои Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува за своите клиенти се обработуваат во базите на податоци на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. 

Пристап до личните податоци на корисниците на мобилната апликација Тriglav Card само за цели на увид имаат администраторите на апликацијата.      

 

КАТЕГОРИИ НА КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци од мобилната апликација Тriglav Card ги обработува Триглав Осигурување Живот АД, Скопје во свое име и сметка, а според писмените упатства на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и од партнерите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје со кои Триглав Осигурување Живот АД, Скопје има склучено договори за обработка на лични податоци.

Исто така, личните податоци од мобилната апликација Тriglav Card може да им бидат откриени на надзорните органи во контекст на одредена постапка што тие ја спроведуваат, како и на други овластени лица кои ќе докажат правна основа за тоа. 

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ќе ги открие податоците на корисниците на следните категории приматели/вршители на обработка, по потреба:

-        државни и јавни органи,

-        Групација Триглав,

-        даватели на информатички услуги, услуги за печатење и испорака,

-        други деловни партнери (на пр. стратешки сојузи за спречување на измами во осигурувањето, лизинг друштва) и ревизорски друштва.

 

ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Мобилната апликација Тriglav Card му овозможува на корисникот пристап до податоците до 10 години откако ќе престане да ја користи мобилната апликација Тriglav Card или до 10 години од последното најавување до мобилната апликација i.Тriglav. Личните податоци што ги добива Триглав Осигурување Живот АД, Скопје при користење на мобилната апликација Тriglav Card се чуваат во согласност со важечкото законодавство и внатрешните акти на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Во случај кога корисникот дал согласност неговите податоци да се обработуваат за цели на маркетинг, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ќе ги обработуваат неговите лични податоци за цели на маркетинг додека не се повлече согласноста.

ПРАВА ВО ВРСКА СО ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Корисникот во секое време има:

§  право на пристап - во секое време корисникот може да го контактира Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и да добие потврда дали неговите лични податоци се обработуваат и доколку таквите податоци се обработуваат, да побара пристап до личните податоци и информации за обработката,

§  право на исправка - доколку Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува личните податоци на корисникот кои се неточни, корисникот може во секое време да побара од Триглав Осигурување Живот АД, Скопје  да ги ажурира, а доколку се нецелосни, има право да ги дополни,  

§  право на бришење - корисникот има право да бара Триглав Осигурување Живот АД, Скопје да ги избрише личните податоци што се однесуваат на него  доколку Триглав Осигурување Живот АД, Скопје  ги обработил незаконски или ако личните податоци повеќе не се неопходни во однос на целта на обработката. 

§  право на ограничување на обработката - корисникот може да побара од Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ограничување на обработката на неговите податоци:  

­       доколку ја оспорува точноста на личните податоци во периодот кога на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје му  е дозволено  да ја провери  точноста на тие податоци;

­       доколку обработката е незаконска, но корисникот се противи на бришењето и наместо тоа бара ограничување на користењето на тие податоци;

­       доколку податоците повеќе не му се потребни на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје за целите на обработка, туку корисникот ги бара за утврдување, остварување и одбрана на правни побарувања;

­       доколку корисникот поднел приговор на обработката.

§  право на приговор - корисникот може да приговори на обработката на неговите лични податоци во секое време.

§  право на жалба - доколку корисникот смета дека Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги прекршил правилата за заштита на лични податоци со обработка на личните податоци на корисникот, корисникот може да го контактира Офицерот за заштита на лични податоци за да ги разјасни спорните прашања.

Корисникот може да ги оствари своите права со испраќање барање до Офицерот за заштита на лични податоци преку:

-        пошта со назнака „Офицер за заштита на лични податоци“, на адреса на седиштето,

-        е-пошта: oficer.lp@triglavzivot.mk 

Доколку постои основано сомневање за идентитетот на лицето кое поднесува барање за остварување на кое било од неговите права, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да побара од таквото лице да обезбеди дополнителни информации неопходни за потврдување на идентитетот на субјектот на податоците, покрај личните податоци наведени во барањето. Доколку барањата на субјектот на податоците се очигледно неосновани или прекумерни, особено затоа што се повторуваат Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да одбие да постапи по барањето.

Корисникот има право да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на лични податоци, доколку верува дека неговите лични податоци се обработуваат спротивно на важечките прописи кои ја регулираат заштитата на личните податоци.

Повеќе информации за обработката и заштитата на личните податоци може да се најдат во Политиката за приватност објавена на веб-страницата на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје (https://www.triglavzivot.mk/politika-za-privatnost).  

 

АЖУРИРАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА 

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје го задржува правото, повремено да ја ажурира оваа политика за приватност. 

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје препорачува сите корисници на кои оваа политика се однесува, редовно да ја разгледуваат. 

Понатамошното користење на апликацијата Тriglav Card или услугите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје по објавените измени во политиката за приватност, значи дека сте запознаени и се согласувате со промените.