start portlet menu bar

Да ги остваруваме целите за одржливост

Display portlet menu
end portlet menu bar

Да ги остваруваме целите за одржливост

Нина Келемен

Во Извештајот на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC), што беше објавен во август 2021-ва година, за прв пат се наведува дека глобалното затоплување е последица на човековите активности. Зголемувањето на температурата за 1,5 степен Целзиусов ќе предизвика посилни топлотни бранови, поинтензивни дождови и поплави. Екстремните морски настани би можеле да станат редовна појава до крајот на векот, а одредени делови од нашата планета ќе останат без снежна покривка и глечерите ќе продолжат да се топат. Затоа, наредната деценија е клучна за преземање на чекори за ублажување на климатските промени и можност за создавање на одржлива иднина. Во Групацијата Триглав се заложуваме за ова, бидејќи грижејќи се за одржлив развој ние создаваме долгорочна стабилна основа за профитабилно и безбедно работење, го промовираме преминот кон одржливо општество и го намалуваме нашето влијание врз климатските промени.

Зошто одржливоста е важна и за стопанството?

Одржливоста е фундаментално поврзана со одржувањето на рамнотежата помеѓу постигнувањето на економска раст и истовремена грижа за општествениот развој и заштитата на животната средина. Светската комисија за животна средина и развој, уште во 1987-ма година, го дефинираше одржливиот развој како развој што ги задоволува сегашните потреби, без да ја загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите лични потреби.

Во принцип, најчесто се согласуваме дека одржливоста е важна. Од друга страна, пак, истражувањата покажуваат дека луѓето, при нивните одлуки за купување, не ја земаат во предвид одржливоста и дека компаниите често немаат стратешко дефинирана стратегија за одржлив развој.

Затоа, за остварување на агендата за одржлив развој, неопходни се два услови:

  • политичкиот консензус што се случи во ЕУ со усвојувањето на Зелениот договор и
  • вредносниот систем на општеството, коешто мора да го интернационализира значењето на одржливоста.

Концептите за одржлив развој и свеста за животната средина се особено важни за милениумската генерација (луѓето родени помеѓу 1980-та и 2001-ва година), а водечките компании од областа на одржливата природа оваа промена во вредностите ја видоа како можност и почнаа да нудат одржливи производи и услуги.

Законската рамка за одржливост на ЕУ ќе бара поголема одговорност и конкретни планови од земјите, претпријатијата и од другите општествени институции со крајна цел за насочување на финансиските текови кон одржливи стопански дејности и финансирање на зелената транзиција.

Во фокусот ќе бидат ставени зголемувањата на инвестициите во инфраструктурата за обновлива и почиста енергетска инфраструктура, врвните иновации за еколошка технологија, одржливите и обновени енергетско ефикасни објекти, повисоките даноци за загадувачите на околината, производите што може да се поправат, рециклираат и повторно да се употребат, здравата и ценовно прифатлива храна и работните места што се примерни за иднина.

Во наредните години, претпријатијата ќе мора повеќе да се посветат на одржливото корпоративно управување, на одржливите стратешки насоки и цели и интеграција на одржливоста во своите деловни процеси, како и на известувањата за својот напредок со јавни објавувања.

Што правиме ние во Групацијата Триглав во областа на одржливиот развој?

Во Заваровалница Триглав, грижата за одржливост е вградена во Заложбата за одржливост на Групацијата Триглав што ја усвоивме кон крајот на 2020-та година. На крајот од минатата година, Заложбата беше надградена со стратешките амбиции на Групацијата Триглав во областа на одржливиот развој (ESG) со што ги дефиниравме нашите цели и насоки за одржлив развој во четири клучни области: осигурување и управување со имот, деловни процеси на Групацијата Триглав, одговорен однос спрема заинтересирани страни и ефикасно корпоративно управување.

Во областа на управувањето со имотот, ќе го зголемиме уделот на зелените и одржливи инвестиции. Во осигурителната дејност и понатаму ќе продолжиме да развиваме производи за осигурувања во случај на суши, поплави и други климатски ризици и ќе ја промовираме понудата на осигурителни производи во областа на одржливата мобилност и обновливите извори на енергија (соларни електрани, ветерни електрани и други).

Во Групацијата Триглав воведуваме целосно мерење и управување со јаглеродниот отпечаток и во согласност со Европската зелена спогодба, се стремиме кон исполнување на целта за јаглеродната неутралност до 2050-та година. Ќе го зголемиме уделот на електрична енергија испорачана од обновливи извори на енергија, ќе ја намалиме потрошувачката на енергија, хартијата и обемот на отпадот по вработен и ќе го зголемиме уделот на електрични и хибридни возила во возниот парк.

Ние се грижиме да одржиме високо ниво на задоволство на странките (NPS) и на вработените и промовираме мулти-димензионална разновидност, меѓу-генерациска соработка, како и развој и образование на вработените. И понатаму продолжуваме да бидеме силно вклучени во општествено одговорни и еколошки проекти, партнерства и донации.

Во областа на управувањето, се грижиме за усогласеност со законската регулатива, интерните акти и надворешните заложби, што ни обезбедува ефикасно корпоративно управување.

Оваа година, Заваровалница Триглав ги потпиша начелата на Обединетите нации за одржливо осигурување (UN PSI) и така стана членка на глобалната заедница на банки, осигурителните компании и инвеститори кои ја подржуваат иницијативата за финансирање на програмата за животна средина на Обединетите нации - UNEP FI.

Сите сме одговорни за одржливиот развој

На крајот на краиштата, ние поединците сме важен дел од приказната за одржливост. Секој од нас може да придонесе за одржлив развој на општеството, така што ќе направи едноставни промени во секојдневното однесување. Решенијата се при рака.

За пократки растојанија може да користиме велосипед, почесто да избираме јавен превоз, да консумираме помалку месни производи, да купуваме одржливи производи и услуги, да им дадеме соодветно образование на помладите генерации за значењето на разновидноста, вклучувањето и меѓу-генерациската соработка, да користиме дигитални методи за работа, да рециклираме, да ги подариме работите што веќе не ги користиме, да размислиме за домашна соларна електрана, да станеме доброволци и да инвестираме во компании што се насочени кон одржливоста.

Во врска со значењето на одржливоста, да ја подигнеме свеста кај луѓето што ги среќаваме на нашиот пат, бидејќи секој може да даде значаен придонес за промена и тоа со мали, но решителни чекори. Одржливото однесување на крајот може да донесе и финансиски заштеди и да придонесе за подобра благосостојба.

Големите цели, можеме да ги постигнеме само ако секој од нас го направи она што е во негова моќ. Затоа, во оваа смисла, придружете му се на проектот „Да ја обезбедиме иднината“ што Заваровалница Триглав го подготви во соработка со повеќе од 100 партнери од многу различни области, од спортот до културата, здравството, превенцијата и стопанството. Во наредните месеци, може со заеднички сили уште поактивно, заедно да ги креираме настојувањата за одржливост во рамките на 17-те цели за одржлив развој на Обединетите нации.

Поврзани, ги поместуваме границите. Затоа, заедно да дадеме ветување за иднината и да ја заштитиме иднината денес. Поради тоа, охрабрувачки во духот на можноста за нови почетоци, завршувам со мислите на антропологот Маргарет Мид, што рече: „Никогаш не се сомневајте дека мала група на сериозни и посветени луѓе можат да го променат светот. Вистина е дека тоа е единственото нешто што е можно.“

м-р. Нина Келемен, ЦФА, е менаџер за одржлив развој на работењето во Групацијата Триглав.

Complementary Content
${loading}