start portlet menu bar

Работата на проценителот е непрекинато барање на рамнотежа

Display portlet menu
end portlet menu bar

Работата на проценителот е непрекинато барање на рамнотежа

Владимир Контиќ

Колку е убаво кога уживаш во својата работа и кога секој нов случај претставува нов предизвик за тебе. Вака можам да ја опишам мојата работа во Групацијата Триглав, во Црна Гора. Мојата секојдневна работа се состои од грижата за координација на пријавите и процените на штети. До неодамна, како машински инженер, работев како проценувач на штети на автомобили, недвижности, имот и машини. Со овие искуства, тргнав по патот на координаторите за проценка на штети.

Клиентите се сржта на нашето работење

Клучот за нашиот успех е задоволството на нашите осигуреници. Бидејќи порано секој ден имав контакт со клиентите, сè уште ми се случува на улица да ме поздрават сосема непознати луѓе - луѓе чија што штета сум ја проценил сам или со помош на вештак. Таа работа ја работев со голема страст. За тоа е заслужна и мојата склоност за доживотно учење. За да ја одржам мојата ментална кондиција, и ден денес сè уште си замислувам некој машински проект. Го сакам инженерството и решавањето на проблемите. Највеќе сакам да ги решавам предизвиците во врска со машините, кога мора да откријам што тргнало наопаку со одредена осигурена машина.

Целта е секогаш реална проценка на штетата

Искуството на осигурениците при проценување на штетата, во голема мера придонесува за угледот и доброто име на компанијата. Затоа, од клучно значење е проценителите да ја проценат штетата што е можно пореално. Ако ја процениме прениско – ненамерно, се разбира, со тоа го намалуваме трошокот на Триглав, но го оштетуваме клиентот. Превисоката или, прениската проценка на штета секогаш претставува лоша услуга за компанијата. Црна Гора е мала, така или онака сите се познаваме или некако сме поврзани. Затоа, лошиот глас за ниските проценки може брзо да се прошири од еден до друг. Меѓутоа, ако штетите ги преценуваме, тогаш брзо ќе се прошири пораката што може да му наштети на Триглав, бидејќи може да охрабри многу луѓе да се обидат да ја искористат осигурителната компанија. Оттука произлегува и митот дека секогаш сакаме да ја намалиме висината на штетата за да заштедиме пари за Триглав. Тоа не е точно. Во нашата работа најважен е професионализмот.

Проценување на штета со добри намери

Кога ја проценувам штетата, никогаш не тргнувам од претпоставката дека осигурениците сакаат неправедно да ја искористат предноста од осигурувањето. Сепак, често се случува нешто да не ви изгледа како што треба. Тогаш го следам моето претчувство. Така, еднаш при проценување на штетата на кујнската опрема на еден постар пар, вклучувајќи го и фрижидерот чиишто компресор наводно го заменил некој мајстор, брзо сфатив дека тој не ни бил заменет. На професионален начин му предложив на осигуреникот да се обрати со приговор до мајсторот, со оглед на тоа што цената била неоправдано зголемена. Вистинска вештина е да се заштитат интересите на сите страни.. Проценителите сме мајстори за таа вештина. Сепак, доколку се сомневаме дека станува збор за измама, тогаш случајот ќе им го предадеме на колегите од областа за истражување на измами.

 

Доблест на проценителот е да биде по малку и психолог

Наша задача е што е можно повеќе да го намалиме стресот, што го доживуваат клиентите коишто се оштетени и тоа со разбирање и емпатија, но истовремено и со решителност. Темпераментот, од пословиците за Црногорците, често се покажува и во текот на проценувањето на штетата. Тогаш е важно да се разберат луѓето и нивните емоции. Се чини дека, ние проценителите барем малку сме и психолози. Со долгогодишно искуство се учиме и како одлично да го препознаеме говорот на телото, дури и кога тој е многу суптилен. Сето она што, приватно и професионално го работи проценителот на крајот се спојува во адекватна проценка за штета.

Соработката и отвореноста со колегите се клучни

Така, како и сите останати вработени во Триглав и ние проценителите мора да бидеме фер и строги кон себе. Секогаш мора да ја одбегнуваме можноста за сомневањето дека станува збор за корупција. Доколку проценителот во текот на решавањето на случајот наиде на осигуреник што лично го познава, тој мора веднаш да го предаде случајот на друг проценител или да вклучи контрола при проценувањето. Токму затоа, толку многу е важно меѓусебно да разговараме со колегите. Седенката со утринското кафе никогаш не е изгубено време. Најмногу учиме еден од друг со споделување на искуствата за случаите. Многу често кога ќе дојдеме на работа, во понеделник, со колегите претпоставуваме каква штета предизвикало невремето со град што пустошеше претходниот ден. Така, дури и во слободното време работата ни е во мисли. На пример, во неделата на прошетка со своето семејство, слушам како сите се жалат од урагански ветрови, а јас мислам на штетата што ќе ја предизвикаат тие. Истовремено, баш во врска со ветерот, со колегите забележуваме дека има сѐ повеќе штети од климатските промени. Суштински повеќе има сѐ поекстремни настани што ќе влијаат и врз нашата работа.

Сè е добро штом добро ќе заврши

Порано, кога го осигурував својот автомобил, размислував само колку ќе ме чини потполното каско осигурување. Денес размислувам сосема поинаку. Како може да се осигурам од штета? Стравот од штета е значително посилен. Она што гледаш дека им се случува на другите, може да ти се случи и тебе. Како проценител, многу е важно никогаш да не застанувам и секогаш да продолжам да учам. Никакво образование нема да ти помогне, ако не си спремен да учиш и да напредуваш како човек. Само така, можеш да бидеш задоволен сам со себе, да придонесеш за успехот на компанијата и да им помогнеш на клиентите, бидејќи работиш професионално. На крајот на краиштата, обезбедувањето на исклучително корисничко искуство е наша визија. Верувам дека клиентите сфаќаат колку е важно да имаат добро осигурување, а особено на крајот кога ќе се изврши исплатата. Со оглед на тоа што работам во службата за проценка на штети, ми се допаѓа што имам можност со исплатата на оштета, барем малку да ја вратам насмевката на лицето на луѓето што се нашле во неволја. Втората причина е работната средина што зрачи со ведар дух, создавајќи атмосфера во која секој проблем изгледа многу поедноставен и решлив.

Владимир Контиќ е координатор за проценка на штети во Ловќен Осигурување а.д., Подгорица

Complementary Content
${loading}