Ема Моалик Лексмарк
Од спокојните предели на Шведска и живата француска култура, животот ме доведе во Заваровалница Триглав. Пред неполна година, ги спакував куферите и ја напуштив татковината за да тргнам по нов пат во Заваровалница Триглав. Како менаџер на портфолио, моите први впечатоци за компанијата се оформија врз основа на она што го слушнав и прочитав на интернет.
Воспоставениот углед на Заваровалница Триглав и нејзината посветеност кон интеграција и континуирано учење се во согласност со моите желби за професионалниот напредок. Во Триглав открив исклучително пријатна работна средина. Имам одлични колеги кои ја ценат соработката и можноста за континуирано учење: и токму тоа создава позитивна и ефикасна работна средина. И покрај јазичните предизвици што ги имам, атмосферата на интеграција во Триглав ги претвора пречките во можности за раст.
Со радост во новиот ден
Утринското будење и одење на работа е позитивна рутина за мене, бидејќи секој ден одам на работа со велосипед и така имам можност, пред да го започнам работниот ден, извесно време да поминам на отворено. Ова не само што ми помага да го намалам својот јаглероден отпечаток, туку, исто така, позитивно влијание и врз моето здравје. Моите колеги придонесуваат за позитивна атмосфера. Освен што се одлични професионалци, тие се и навистина пријателски расположени и добри личности кои создаваат одлична тимска динамика. Исто така, ги карактеризира љубезност и добрина, а соработката и меѓусебната поддршка мене многу ми значат.
Моето мислење е дека вршењето на интересна работа е уште еден клучен фактор, што придонесува за мојата добросостојба на работното место. Различни задачи и проекти од областа на финансиските пазари се гаранција за секојдневни нови предизвици и за одржување на доследно, стимулативно и привлечно работно искуство.
Секој може да придонесе за пријатна атмосфера на работата
Мислам дека создавањето на пријатна атмосфера на работното место е резултат на заеднички труд. Затоа, се трудам и самата да создавам клима на пријателство и поддршка во нашиот тим и искрено се интересирам и за останатите. Со колегите, често се среќаваме на кафе. На овие неформални средби, ние не разговараме само за теми во врска со работата, туку и за нашето слободно време.
Многу ја ценам можноста за континуирано учење што ни е достапна. Заваровалница Триглав во голема мера го поттикнува личниот и професионален развој. Можноста да ги проширам моите знаења и вештини е нешто што ме исполнува, па затоа се стремам да ги споделувам искуствата и сознанијата со моите колеги. Неодамна учествував на конференција каде што активно слушав и учествував во дискусии со експерти од нашата индустрија, коишто се фокусираа на интересни теми во врска со нашата работа во Триглав. Стекнатото знаење го споделив со моите колеги. Токму овој вид на вмрежување ни дава нов поглед за воспоставените практики и новите начини на пристап кон предизвиците, а придонесува и за создавање на нови идеи и зголемување на заедничкото знаење.
Триглав, работна околина што го поддржува развојот на нови идеи
Мојата улога што ја имам како менаџер на портфолио, исто така, значително придонесува за моето уживање во работата во Заваровалница Триглав. Управувањето со портфолио вклучува динамични задачи, како што се анализа на пазарните трендови и донесување на стратешки инвестициски одлуки. Постојаните предизвици и интелектуалната стимулација ја прават мојата работа навистина интересна. Да бидам во првите редови од финансиските трендови – тоа е моја желба и професионална мотивација.
Убедена сум дека позитивната работна средина што е поддржана со тимска работа, креативност и отворена комуникација, е од суштинско значење за успехот. Покрај развој на нови идеи и зголемување на продуктивноста, таквата работна средина промовира и чувство на припадност и добросостојба меѓу колегите. Ја ценам отворената комуникација, што ми овозможува размена на идеи и информации. Без тоа, би било потешко да се дејствува кохерентно и координирано, а освен тоа ние не би сме можеле да донесуваме соодветни одлуки, бидејќи тие се темелат токму врз добрите информации.
Како и секое патување, така и ова има свои предизвици!
Прилагодувањето на нов живот, во нова земја ги надминува промените во кариерата. Прилагодувањето на нова култура, на комуникациските норми и јазичните бариери, исто така, може да биде голем предизвик. Триглав се издвојува по својата отвореност, а околината е интеграциска. Компанијата е отворена за нови идеи и нови култури.
Во моментите на носталгија што ги доживувам, бидејќи сум одвоена од семејството и од познатата околина, си помагам со подготвување на некое шведско јадење,за утеха и сеќавање на домот. Еден од предизвиците со кои се соочувам несомнено е јазикот. Различниот звук на „шч“ претставува голема пречка во мојот изговор, а локалната практика за скратување на зборовите, заедно со разните акценти, повремено ми предизвикува тешкотии дури и при разбирањето на наједноставните изрази. Иако на работа претежно зборувам англиски, чувствувам дека сум ценета и дека давам свој придонес кон заедничките резултати во инклузивното и гостопримливо опкружување.
Рамнотежа помеѓу одржливоста и добросостојбата: мојот пристап кон слободното време по работата
Од клучно значење е да можеш да разбереш колку е важно слободното време како суштинска компонента за одржување на здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Мило ми е што и Триглав, исто така, е наклонет кон одржување на рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Како особено активна личност, моето слободно време го посветувам на некој спорт и дружења со своето семејство. После работа, најмногу сакам во друштво на мојот партнер да си ги наполнам батериите со некоја фитнес вежба, играјќи тенис или пливајќи. Бидејќи моето семејство е од Шведска и Франција, навистина ги ценам моментите кога можам да се поврзам со нив. Така своето слободно време редовно го посветувам на видео разговорите, коишто и покрај далечината, ми овозможуваат да останам во контакт со моите најблиски.
Исто така, своето време го посветувам и на јазичните курсеви, со цел да се навикнам и вклучам во новата средина каде што живеам. Верувам дека познавањето на јазикот не само што ќе ја олесни комуникацијата на работа, туку воедно и ќе го збогати мојот живот поттикнувајќи поврзување, разбирање и благодарност за мојот нов дом.
Ема Моалик Лексмарк е менаџер за имот во Заваровалница Триглав.
