Сања Мерџановска Лазарески
Само малку смелост и храброст ми требаше да излезам од својата зона на удобност. Веќе знаете, по ковид сите почнавме да размислуваме малку поинаку. Тогаш решив да тргнам по нов пат во мојата професија, во Групацијата Триглав.
За напредокот во кариерата
Промената што решив да ја направам ги надмина моите очекувања. Затоа, ве советувам да не се плашите од промените, туку од стагнацијата. Не барајте да биде полесно, туку да биде подобро. Не посакувајте помалку предизвици, туку радувајте им се новите способности и вештини.
Мојот пат ме одведе на работа којашто навистина е малку посебна, во Одделот за управување со надворешни канали на продажба. Имам многу обврски на терен, многу состаноци, средби со најразлични луѓе и решавам многубројни предизвици. Но, навистина уживам во сето тоа, бидејќи истовремено имам можност за образование и напредок во кариерата.
Многу патувам и секој месец поминувам над две илјади километри, имам над шеесет состаноци, се среќавам со разни луѓе и успешно преговарам за големи осигурителни полиси. И токму тие се најголеми предизвици за сите оние што знаеме да уживаме во нив. Сето ова можам да го остварам како Директор на Секторот за поддршка на продажба во компанијата Триглав осигурување Живот, со седиште во Скопје, главниот град на Северна Македонија.
Во Триглав сме како семејство
На Заваровалница Триглав и се придружив пред три години, а пред тоа веќе десет години работев во областа на животните осигурувања. Во мојата претходна работа, исто така, бевме дел и од поголема група, но таму немавме толку многу можности за образование и размена на знаењата, како што тоа го имаме во Триглав. Во тимот се вклучив брзо, меѓу другото и со помош на ментор. Брзо напредував, и од октомври минатата година го водам Одделот за управување со надворешни канали на продажба. Неодамна го дополнив своето знаење во Загреб, во Академијата на Триглав. Со колегите од целиот регион имавме обуки за водење и мотивирање на луѓе. Веќе некое време редовно посетувам тренинзи за продажба и слични вежби за стекнување на разни вештини, а соработувам и со надворешни партнери. Ова ми даде можност, сега и самата да им бидам ментор на шест мои колеги и колешки.
Клучна е добрата соработка со партнерите
Нашиот Оддел за управување со надворешни канали се занимава со организација, координација и поттикнување на продажбата на животните осигурувања на надворешни деловни партнери, како што се банките, брокерските агенции и разни други финансиски институции. Зајакнувањето на постојните и воспоставување на нови деловни партнерства е важна насока што ја поставивме во Стратегијата на Групацијата Триглав до 2025 година. Во оваа соработка, важно е заедно со нашите партнери да растеме и ние.
За партнерите, организираме многу обуки и тренинзи за продажба, а исто така, се грижиме и за логистиката и мотивацијата на нашиот персонал за продажба. Секојдневно ги посетуваме клиентите и со нив разговараме за актуелните проблеми. Заедно со нашите колеги, ги претставуваме животните осигурувања на Триглав и помагаме при изборот на потенцијалните осигуреници, што би можело да ги интересира осигурувањето. Но тоа не е сè. Во мојот секојдневен живот,исто така вклучени се и преговорите за договори со високи премии за осигурување, што може да биде стресно за многу луѓе. Но, јас уживам во тоа!
Комуникативноста е наша клучна компетенција
Секој што сака да биде ефикасен во работата што ја работам јас, мора да знае како да комуницира и мора да сака да работи со луѓе, да го сака теренот и продажбата, како и адреналинот кој го придружува сето тоа. Без тоа, никако не оди. Многу е важна вештината за јавен настап, бидејќи на тренинзите за продажба обично присуствуваат од 30 до 50 лица. Навистина уживам во разговорот со нив, а особено за време на паузите и кога ќе заврши официјалната програма. Секое образование е поинакво. Покрај можностите за образование, како и дружењето што веќе го спомнав, исто така, ме импресионира и одличната технолошка поддршка што ја имаме во текот на работата во Групацијата Триглав.
И уште ова: сакам да запознавам нови луѓе и да ја ширам мојата мрежа на познанства. Во текот на мојата работа се справувам со разни видови на карактери на луѓе, а работата ми го олеснува тоа што сите мои соговорници се финансиски писмени и го разбираат значењето на осигурувањето.
Секој ден на пат
Мојот полн распоред бара прецизна организација на работата. На „иста линија“ сум со мојот календар, го знам напамет за еден месец однапред. Не сакам да ги откажувам или одлагам состаноците, бидејќи тоа ги руши моите планови. Имам службено, хибридно возило што го користам за посета на деловните партнери во Скопје и тоа во понеделник, среда и петок, а во вторник и четврток патувам и во другите делови на Северна Македонија. Највеќе сакам да возам таму каде што има добри патишта. Од сите места најомилен ми е градот Охрид, но патот до таму е донекаде макотрпен. Затоа наместо таму да одам месечно, го посетувам само еднаш на два месеци.
Ја сакам својата работа, бидејќи таму ми се случуваат интересни работи. Еднаш, со еден банкар, кој е дел од моите деловни партнери, отидовме на состанок со управата на една ИТ компанија, чии што канцеларии се наоѓаа во станбена зграда. Бевме многу изненадени кога моравме да се преоблечеме во влечки пред да влеземе во нивните простории. Да, мене и тоа ми се случува.
Зошто ја сакам својата работа?
Иако моите денови се многу динамични, утрото обично секогаш е исто: го пијам утринското кафе со своите колеги, а потоа заминувам на терен. Секој ден го поминувам во автомобил, но јас во тоа повеќе уживам отколку во административната работа во канцеларија, а особено кога е убаво времето. Нашата управа има слух за унапредувањата и така се грижи да не западнеме во рутина. Ми се допаѓа тоа што мојот тим ми помага со задачите што ги вршев до моето унапредување, па така можам да им се посветам и на другите задачи. Убедена сум дека доброто познавање на сите работни процеси е голема предност. Многу сум благодарна што ја имав оваа можност.
Заедно кон целта
Со оглед на тоа што работам во продажба и не е некое изненадување дека навистина ги сакам бројките. Секој ден проверувам колку се блиску до поставените цели. Адреналинот што го поттикнува прашањето дали ќе ни успее, ме тера напред. Најмногу го чувствувам тоа кога ќе склучиме некоја поголема зделка.
Има многу предизвици, но јас ги прифаќам со насмевка и со позитивен поглед на светот. На пример, во моментов само петмина се грижиме за мрежата во која има над 500 луѓе со кои работиме. Продажбата малку се зголемува кон крајот на годината, па затоа понекогаш е навистина тешко да се одговори на сите пораки и повици. Но, ние сме добро организирани и затоа ни успева. Сепак, луѓето сè повеќе се свесни дека животното осигурување е навистина корисно и важно. Тие, исто така, многу добро го познаваат Триглав кој во Северна Македонија има голем углед.
Сања Мерџановска Лазарески е Директор на Секторот за поддршка на продажба во друштвото Триглав Осигурување Живот, Скопје
