start portlet menu bar

Без право не може

Display portlet menu
end portlet menu bar

Без право не може

Драган Тодорович

Освен ако не сте правник или правничка, тогаш поголемиот број од вас не ги ни чита непрегледно долгите договори и спогодби што ги потпишува. Правниот јазик е комплициран и здодевен. Дали е тоа вистина? Да, но тој може да се објасни така што и дете да може да го разбере.

Кога им ја опишувам својата работа на моите десетгодишни внуци, тие велат дека сум блед канцелариски глушец, секогаш задлабочен во документите и компјутерот. Па, тоа и не е толку далеку од вистината. Читањето, анализирањето и барањето на решенија е моја работа. Тоа ми се допаѓа. Осигурувањето, областа во којашто работам, е една од индустриите што се најмногу регулирани и со најголем надзор.

Правото не е сè, но мене многу ми значи

Иако веќе имам купишта задачи на работа, а освен тоа и ја заменувам колешката што е на породилно отсуство, како дипломиран правник, решив да ги продолжам студиите на Правниот факултет во Белград. И баш сега кога најдов време за белетристика, повторно сум преплавен со стручни книги. Но, и покрај тоа понекогаш се посветувам и на други нешта. Моментално се занимавам со спорт и тоа пред сѐ на телевизија, а мојот натпреварувачки дух изграден со кошарка, во време на студиите, сѐ уште не е заборавен. Со пријателите со задоволство учествуваме во квизови што се одржуваат во локалните пабови и кои станаа вистински хит.

Страстен правник, кому што му е блиска културата на Триглав

Меѓусебните односи се прекрасни. Кога дојдов на оваа работа, пред нешто повеќе од две години, навистина се чувствував исклучително добредојден. Истовремено, на самиот почеток бев свесен дека ме слушаати го земаат моето мислење во предвид. Отсекогаш чувствував дека моите колеги имаат доверба во мене. Токму тоа, значајно придонесе за одржување на мојата самодоверба. Она што сметам дека е важно, е пред сѐ да бидам одговорен кон колегите, компанијата и партнерите, а нашата комуникација да биде ажурна и да сме флексибилни. Да бидеме проактивни, да не ни пречи разновидноста на работата и да бидеме фер кон нашите колеги. Сфаќам дека ако не си ја сработам својата работа, тогаш цената за тоа ќе ја плати колегата. Јас сум личност која не ја префрла одговорноста врз другите.

Триглав е посебен

Односот кон вработените во Заваровалница Триглав не може да се споредува со културата што преовладува во другите компании од нашиот регион. Во Триглав, разбирањето на вработените и посветеноста кон нивните потреби се на многу високо ниво, а истовремено ние навистина се придржуваме и никогаш не создаваме непотребна паника. Многу ретко е нешто толку итно од денес за утре. Секако дека и тоа се случува, но тоа не е правило. И тоа навистина вреди многу. Дел од добросостојбата во Босна и Херцеговина е, секако, кафето. Често се среќавам со колегите на кафе (моето мора да биде право турско, црно, без шеќер или млеко).

А сега сериозно

Што воопшто работи правникот во осигурителната компанија? Мојата прва мисла беше дека тој помага да се напишат условите за осигурување. Но, во Бања Лука, други се одговорни за тоа. Јас подготвувам препораки, извештаи и предупредувања, а пред сè, многу комуницирам со сите вработени. Сите ми се обраќаат, најчесто раководството. На колегите им објаснувам и смислувам решенија за правните проблеми или за компликациите со кои се соочуваат моите колеги во документите, а самите не можат да си ги објаснат. Се борам со правните предизвици на компанијата, а исто така, и со споровите за недвижности. Се грижам компанијата да работи во согласност со упатствата за усогласување. Пред сè, им обезбедувам правна поддршка на директорите, извршниот одбор и на цела низа други комитети на коишто сум член. Можете да ме најдете во комисијата за ревизија, но и во дисциплинската комисија, каде што работам како записничар и давам поддршка при свикувањето на состаноците за тие комисии. Во текот на работата ми помага мојата проактивност и самоиницијативност, компетенции кои не залудно се со години избрани во Групацијата Триглав. Тие ни помагаат со помош на смислена стратегија да го имплементираме она што знаеме дека е добро за нас и за компанијата.

Мит за професијата правник во осигурувањето

Секако дека е мит, дека ние правниците сме премногу сериозни и здодевни. Некои можеби навистина се, но за себе тоа тешко можам да го кажам. Секогаш се трудам што е можно поедноставно да го објаснам она што треба сите да го знаат. Се трудам да не ги оптоварувам колегите со непотребни информации за да губат време за работи што не се нивна работа. Не сакам да им го комплицирам животот. Но, сепак тие треба да знаат некои правни работи. Тогаш е пожелно и да разберат зошто се потребни.

Најголемиот дел од мојата работа е поврзана со давање на совети на управата, односно на раководството за тоа како е правно валидно да се пристапи кон некое прашање или одлука во компанијата. Пред сè, важно е да не ја префрлам одговорноста врз други, туку навремено да ги предупредам ако видам дека постои можност за компликации, дека се ближат роковите и слично.

Колегите што ги советувам се образовани и сосема способни да донесуваат одлуки, но моќта е во деталите. На пример, ако некоја одлука на раководството не ја составиме што е можно попрецизно, дупките во неа можеби нема да се видат денес, но ќе се видат утре. За оној што не е правник, дебатата за разликата помеѓу зборовите отказ и разрешување може да се чини бесмислена, но правно гледано меѓу нив може да има огромна разлика.

Јас сум како некој вид на јасновидец, само што наместо карти во рацете држам важечки и нови закони и прописи кои често се менуваат, а освен тоа добро ја познавам и осигурителната дејност. Кога сето тоа ќе го ставам на маса, можам да ја разберам моменталната ситуација, па дури и можниот развој на идните настани и компликации.

Треба да знам од сѐ по нешто

Токму тука е одговорот на прашањето зошто ни требаат правниците. Доколку не нема нас, тоа би можело да има екстремни финансиски последици за Групацијата. Секоја несоодветност – без разлика дали е во врска со компанијата или со нејзините односи со партнерите – може да биде  казнета со загуба на финансиски средства, а често, уште полошо, и со нарушување на угледот. Затоа, за да се зачува работењето и угледот на Триглав, од клучно значење е да реагираме на секој потенцијален инцидент, без одлагање и со најголема сериозност.

Групацијата Триглав ужива голем углед низ целиот регион. Ништо чудно. Не само што многу строго ги следиме локалните закони и прописи, туку, исто така, и во земјите што сè уште не се членки на Европската Унија, ги применуваме прописите што важат за членките. На пример, во Босна и Херцеговина веќе се придржуваме до регулативата за GDPR за заштита на податоците, којашто е непропорционално построга во споредба со локалните прописи. Можеби токму затоа, ние ќе имаме значително помалку проблеми со пристапувањето во ЕУ во споредба со другите компании од регионов коишто тоа сè уште не го воведуваат.

Можноста да советувам, значи дека за секоја област морам да знам по нешто. Затоа, учењето за мене никогаш не завршува. Секогаш има нешто ново. Нови закони, нови регулативи, нови области што треба да се запознаат. Исто така, и вештачката интелигенција веќе влегува во светот на правото. Неодамна, во Бразил на ChatGPT му дадоа задача да подготви предлог-закон. Никој од оние што го прочитаа не сфати дека не го напишал човек, и го донесоа законот.

Поради брзите промени на состојбата на пазарот, добро ми доаѓаат искуствата на моите колеги од другите зависни друштва, со кои редовно се среќавам и консултирам. Размената на знаењето е клучна, како и љубопитноста, дури кога станува збор и за „сувопарното“ право.

Драган Тодоровиќ е правник и самостоен стручен соработник за канцелариски и општи работи во Триглав Осигурување, Бања Лука

Complementary Content
${loading}