start portlet menu bar

Со вештачка интелигенција до уште подобри односи со нашите клиенти

Display portlet menu
end portlet menu bar

Со вештачка интелигенција до уште подобри односи со нашите клиенти

Грегор Ковачиќ

Лани, во Триглав ја развивме виртуелната асистентка AI Trio. Таа беше наш експеримент. Со неа сакавме да откриеме што може да им понудиме на клиентите со помош на вештачката интелигенција. Со оваа асистентка, истражувавме како да им се обратиме на корисниците на што е можно поприроден начин и со соодветна содржина за нив.

Започнавме само со експеримент

Денес, одговорот којшто на нашиот клиент им го даваат алатките за вештачка интелигенција, кога тој прашува за вклучување на дополнително покритие на неговата осигурителна полиса, се разликува од оној што вештачката интелигенција ќе му го даде на нашиот продавач што го поставил истото прашање. Првиот ќе го пренасочи на i.triglav, нашата дигитална филијала, за да оствари контакт со застапникот или со центарот за повици. Вториот, пак, ќе добие информации како да подготви анекс кон договорот, во апликацијата за склучување. Исто така, одговорот е прилагоден и на начинот на комуникација на другата личност - ако некој избере не толку формално обраќање, тогаш вештачката интелигенција ќе го следи таквиот пример и обратно.

Предизвиците секогаш се можност за развој

Во оваа работа, исто така, со колегите се среќаваме со некои предизвици: првиот е безбедносен и се однесува на прашањата - како може некому да му обезбедиме детални информации. Така, на пример ако користиме вештачка интелигенција во нашите работни процеси, таа на вработениот може да му обезбеди многу детални информации за поединечните случаи на штета и на кој начин се решаваат тие, додека, пак, на клиентите може да им обезбеди само основен увид во истите. Друг предизвик е управувањето со базата на знаењата или со податоците од коишто алатките за вештачка интелигенција црпат одговори. Во Групацијата Триглав има повеќе такви извори, па затоа активно работиме за нивно обединување, како во смисла на содржината, така и во смисла на управувањето со нив. На овој начин ќе обезбедиме единство на информациите и одговорите низ сите наши канали, а податоците полесно ќе се прилагодуваат во случај кога ќе настанат промени. Исто така, ние сме подготвени и за ситуација во случај на масовни штети, бидејќи тогаш ќе воведеме посебен начин за пријавување на штети. На овој начин, со само една измена во единствената база на знаења ќе може да обезбедиме основа за прилагодување на информациите коишто, на разни допирни точки, им ги нудиме на нашите осигуреници.

Trio – нашата гордост

Trio е дел од нашата веб-страница Triglav.si и од апликацијата i.triglav, каде што одговара на прашањата на клиентите, а на регистрираните клиенти им дава општи информации и конкретни одговори. Алатките за вештачка интелигенција ги користиме во голема мера, а особено во рамките на службата за контакт со корисниците каде што на нашите вработени им помагаат при подготовката на предлозите за одговорите на е-пошта на клиентите и ги пренасочуваат е-пораките кон нашите стручни служби. Ја активиравме, исто така, и во областа на анализирањето на оценките од клиентите, каде што многу брзо може да ни ги покаже проблемите и предностите при обезбедувањето на нашите услуги. Исто така, ја воведуваме и во областа за проценки на штети, каде што вештачката интелигенција веќе подготвува преглед на податоците. Ги анализира фотографиите, идентификува штета и може да подготви, на пример, проценка на трошоците. Така, нашите колеги потоа можат да ја прегледаат подготвената документација и во покомплексните случаи да се посветат на размислувањето за самиот штетен настан. Дополнително користење на алатките за вештачка интелигенција, исто така, развиваме и во областа на откривањето и спречувањето на измами.

Придонесот на дигиталните алатки е голем

Зошто? Ни заштедува време и ни помага да донесеме одлуки. Денес, секој од нас може да има корист од вештачката интелигенција особено во текот на собирањето и сумирањето на информациите што би можело да трае со часови, а можеби и со денови. Кога алатката, за неколку секунди или минути, ќе го подготви материјалот со детални информации или со споредби на податоците од различни земји, пазари, индустрии итн., таа ни овозможува покреативно и попродуктивно да го искористиме заштеденото време. Наместо да ги собираме оперативните податоци, ние може да се фокусираме на суштинското подобрување на нашата работа, изнаоѓање на нови решенија и донесување на подобри одлуки врз основа на податоците коишто досега ни беа тешко достапни.

Времето е пари или како можеме со ВИ да ги зачуваме овие две добра

Јас, лично редовно користам дигитални алатки за собирање на документи и за подготовка на суштински анализи за нашите досегашни проекти, како и за структурирање на информациите и за понатамошните конкретни чекори за подобрување на нашите процеси. Исто така, често ги користам на состаноците на Teams, за подготовка на резимеа на договорите. На пример, неодамна на вештачката интелигенција ѝ зададов да подготви споредба на сите осигурителни компании што користат дигитални канали на продажба. Ме интересираше како ги презентираат своите услуги, какви се нивните цени, како им се претставуваат тие на клиентите и на кој начин ги сегментираат клиентите. Ако самиот, рачно ги барав таквите информации на интернет и ако сам ги споредував едни со други, тогаш за таквата анализа од 10 страници ќе ми требаа неколку дена. Со помош на вештачката интелигенција тоа го направив за неколку минути.

Вештачката интелигенција влезе во приватниот живот

Како татко на двајца тинејџери што, искрено кажано, понекогаш не разбирам што сѐ учат моите деца во школо, иако нивните очекувања се јасни: „Тато знае сè!“ Така, неодамна дома се појави прашањето: зошто електронската обвивка во атомот на хелиум е заситена, а во атомот на кислород не е? За да дадам соодветен одговор на ученик од деветто одделение, секако, дека побарав помош од вештачката интелигенција. Ми се допаѓа што сега моите синови се толку запознаени и знаат сами да побараат информации на начин што им одговара и да ја прашаат вештачка интелигенција, на пример: „Јас сум ученик во деветто одделение“. По предметот физика, навистина не ми е баш јасно зошто воздушниот отпор се зголемува со квадратот на брзината.“ Потоа вештачката интелигенција го дава одговорот така што петнаесетгодишно дете лесно може да го разбере. Кога бевме помлади, ова не постоеше. Во тоа време, можевме да избираме помеѓу книгите или инструкциите.

За оние кои се сомневаат

Верувам дека употребата на вештачката интелигенција наскоро ќе биде вообичаена, како што денес е и употребата на калкулаторите во училиштата. Добро се сеќавам дека многу луѓе не беа наклонети кон овие уреди, кога тие првпат се појавија и се залагаа за употреба на логаритамски таблици. Младите луѓе денес дури веќе не ги ни познаваат. Затоа мислам дека вештачката интелигенција, ако не се плашиме од неа и ако почнеме да ја користиме, може да ни помогне да станеме поодзивни, побрзи и со нашата работа да создадеме повеќе. Со нејзиното користење, може да го развиеме нашиот начин на размислување во покреативна насока, да донесуваме подобри одлуки и решително да ги постигнеме нашите цели. Не треба да се плашиме од користењето на вештачката интелигенција, бидејќи копилотот и понатаму ќе има потреба од својот пилот за да има кому да му помогне да (по)лета и да постигне нови успеси.

Грегор Ковачиќ е извршен директор во областа за дигитално работење и корисничко искуство и копретседател на Технолошкиот совет на Британско-словенечката стопанска комора

Complementary Content
${loading}