start portlet menu bar

Повеќе од само финансиска сигурност

Display portlet menu
end portlet menu bar

Повеќе од само финансиска сигурност

Алјаж Грајш

Со Триглав, како со потенцијален работодавач, се сретнав уште за време на моите студии кога станав нивен кадровски стипендист. Кадровската стипендија ми обезбеди финансиска сигурност и ми овозможи веднаш по завршување на студиите да работам како приправник, а потоа и моето прво вработување.

Јас сум Алјаж Грајш, по професија универзитетски дипломиран градежен инженер, а откако ги завршив студиите, речиси пред седум години, и горд вработен во Триглав. Моментално сум вработен како виш стручен соработник во Одделот за реосигурување, каде што заедно со моите колеги се грижиме за соодветно уредување на реосигурителната заштита на Заваровалница Триглав. Како поранешен стипендист, почнав да работам во Триглав како приправник и тоа само неколку дена откако ја одбранив дипломата на Факултетот за градежништво и геодезија.

„Кадровската стипендија ми го смени животот. Не само затоа што ми овозможи редовно да се вработам, веднаш по завршувањето на студиите, туку и затоа што ми ја отвори вратата кон некој непознат свет, (ре-)осигурувањето каде што сѐ уште секојдневно учам нешто ново.“

Сѐ започна со огласот за стипендии

Со Триглав, како со потенцијален работодавач, првпат се сретнав кога студирав во трета година и тогаш додека пребарував на интернет и барав можности за кадровска стипендија, наидов на оглас што беше објавен на веб-страницата на Заваровалница Триглав. Меѓу другите, тие распишаа и кадровски стипендии за двајца студенти на градежништво од повисоките години.

Огласот веднаш го привлече моето внимание, иако најпрво не ми беше сосема јасно зошто една осигурителна компанија би имала потреба од луѓе со тој профил во својот тим. По малку размислување, сфатив дека штетата што настанала на некој осигурен објект, правилно може да ја процени само некој што добро ги познава градежните материјали и градежната технологија и којшто знае што треба да се направи за оштетениот објект да се врати во првобитната состојба.

„Уште кога го читав огласот за кадровски стипендии ми стана јасно дека градежните инженери се важен дел од тимот на секоја осигурителна компанија.“

Бидејќи ги исполнував сите услови, а ми се чинеше и дека работата на проценителот на штети е многу интересна, го победив својот страв (го знаете она: „Што и како ќе биде ако случајно не ја завршам годината и ако морам да ја вратам стипендијата?“) и ја поднесов мојата апликација. Ме поканија на разговор во Триглав, а набргу потоа ме информираа дека сум избран. Така станав стипендист на Заваровалница Триглав.

Подобро од очекувањата

Додека студирав, и покрај повремената студентска работа, не размислував како би било доколку редовно се вработам. Во тоа време, пред сѐ сакав дополнителни финансиски средства и можност за вработување по завршувањето на студиите. Бидејќи и ден денес, многу врати им се затворени на младите луѓе што немаат работно искуство, затоа треба да се искористи секоја можност за вработување што ќе се понуди.

Со оглед на мојата насока на студии, очекував дека во Триглав ќе работам како проценител на штети или како преземач на ризик, а никогаш не ни сонував за реосигурувањето коешто се смета за прилично специфичен дел на осигурителната дејност. Реосигурувањето е осигурување на осигурителните компании за поголеми штети. Кога работиме во реосигурувањето мора да ја гледаме пошироката слика, бидејќи тука се здружуваат елементи на разни услуги или области на осигурителната компанија: од осигурување, ризик и осигурување на штети до анализа и управување со ризиците. Соработуваме со многубројни странски партнери и постојано имаме образованија, бидејќи имаме потреба и од специфични знаења во врска со работењето на компаниите за реосигурување и за пазарот на реосигурување, како и за договорите за реосигурување. Освен тоа, ние имаме и сосема своја терминологија. На кратко, не ми е здодевно.

Но, сега веќе речиси 7 години работам во различни области од реосигурувањето. Првите денови во Триглав, кога ја започнав мојата пракса, само ги гледав документите што за мене ги подготви мојот ментор и панично го пребарував значењето на непознатите зборови на Google. Но не се откажав и денес и веќе не можам да замислам работа без потврди за реосигурување, ретроцесии, факултативни и облигаторни договори.

Главна предност е меѓусебното запознавање со компанијата

Финансиската стимулација што ми ја даде кадровската стипендија беше многу важна за мене во текот на студиите. Но, сега кога гледам наназад ми се чини дека тоа не е најважното нешто. Поважно е што ми беше дадена можност прво да завршам приправништво, а потоа и да добијам редовно вработување.

„Стипендистите на Триглав можат да го почувствуваат пулсот на компанијата, дури и пред да ги завршат студиите. Во рамките на студентската пракса тие се запознаваат со организацијата и текот на работата во одредена област.“

Исто така, и самиот почеток со приправништво е многу полесен бидејќи стипендистите, за време на студиите, можат да одат на работна пракса и така подобро да го запознаат Триглав. Мислам дека ова е исклучително важен дел од програмата за стипендии, бидејќи така на стипендистите им се дава можност да го „пробаат“ редовното вработување и да ги запознаат своите идни потенцијални колеги и претпоставени. Од друга страна, исто така на тој начин и компанијата подобро го запознава стипендистот, неговите таленти и професионалните желби, па затоа откако ќе го заврши образованието тој може полесно, а секако и многу побрзо да се воведе на предвиденото работно место.

Чувство на сигурност и можноста за напредување

Верувам дека Заваровалница Триглав може да биде интересен работодавач, не само за младите градежни инженери, туку и воопшто за младите луѓе. Исто така, таа е присутна и во странство и цврсто е интегрирана во меѓународниот бизнис. Богатата традиција во комбинација со финансиската стабилност и успехот во работата, на вработените им дава чувство на сигурност. Ова е многу важно, особено во последниве неколку години и тоа, како за оние што веќе имаат работа, така и за оние што сè уште бараат работа.

Големината на компанијата има уште една значајна предност: поголема флексибилност при изборот на работното место во рамките на компанијата. Спектарот на различните работни места е значително поголем во споредба со помалите компании, а освен тоа и можностите за напредување се поголеми. Ова е многу важен фактор при изборот на работодавачи за нас, помладата генерација којашто не сака монотонија и сака постојан напредок.

„Триглав има воспоставен многу добар систем на образование којшто на вработените им овозможува постојано да стекнуваат нови знаења и вештини, а со тоа им овозможува константен личен развој и напредок во кариерата.“

Освен разните интерни образованија, ние вработените може да учествуваме и на образованија што ги организираат надворешните изведувачи. На пример, минатата година јас ги завршив МБА студиите на Економскиот факултет, каде што стекнав нови знаења од областа на економијата и менаџментот кои сега во своја полза ги применувам во својата работа.

Меѓународна бизнис академија Триглав

Како значајна предност, исто така, би сакал да ја истакнам и програмата за млади перспективни кадри на Групацијата Триглав којашто на младите и перспективни вработени, преку дополнителни образованија и разни развојни активности, им овозможува уште поефикасно да го развијат својот потенцијал и побрзо да напредуваат на својот професионален пат. Во рамките на овие активности, меѓу другото, учествував на Меѓународната бизнис академија Триглав (Triglav International Business Academy – TIBA). Таму, заедно со колегите од останатите друштва на Групацијата, стекнав нови знаења и искуства и уште подобро го запознав начинот на работењето на Групацијата Триглав, а пред сè остварив контакти коишто уште како се важни во деловниот свет.

Освен тоа, и Програмата за мобилност е една од развојните активности што ни овозможува, за одредено време да ја смениме нашата работна средина и работните задачи да ги извршуваме во некоја од останатите компании на Групацијата. Меѓутоа, поради ширењето на новиот корона вирус, засега таа ќе се спроведува дигитално во прилагоден обем и форма. Мислам дека ова ќе биде уште едно многу интересно искуство.

„Мислам дека можноста за континуирано образование и напредок е најважна предност за младите градежни инженери и воопшто за младите луѓе, што ја нуди Заваровалница Триглав како работодавач. Со нови знаења, полесно ќе го следиме развојот во сите области. Затоа работата секогаш е динамична, мотивирана и интересна.“

Алјаж Грајш е вработен во Заваровалница Триглав како виш советник во областа на реосигурување. Тој е поранешен стипендист на Триглав и млад перспективен работник на Групацијата Триглав. Во Заваровалница Триглав е вработен од 2013-та година

Complementary Content
${loading}