start portlet menu bar

Животот во Триглав

Display portlet menu
end portlet menu bar


Поттикнуваме разновидност, инклузија и припадност.

Приоритет даваме на еднаквоста, почитување на правата и разновидноста.

Ги цениме свежите перспективи, новите идеи и богатото искуство. Кога ќе се поврзат, иновативноста и креативноста не познаваат граници.


Се грижиме за нашата заедница.

Отвораме простор за вработените да ги остварат своите потенцијали. Нудиме поддршка, за да им помогнеме да станат она што сакаат да бидат.

Посветени сме на создавање на праведна, достоинствена и колаборативна заедница, затоа што само така сите можат да ги развијат своите потенцијали. Работиме во удобна работна средина, се грижиме за здравјето на нашите вработени и ги следиме во различни животни фази и околности.

Како поврзан тим од здрави и задоволни соработници, во пракса ги применуваме своите стручни знаења и одлично развиени лични компетенции на поединците.


Градиме иднина

Поттикнуваме отворена култура на разновидност и соработка, со што придонесуваме за остварување на целите за одржлив развој.

Нашата цел е вклучување на најдобрите глобални практики од еколошка, социјална и управувачка перспектива во нашето работење.

Веруваме дека со имплементацијата на стратегијата на Групацијата Триглав, заедно со нашите соработници, создаваме побезбедна иднина за сите. Дознајте нешто повеќе за нашето одржливо работење. Придружете нѝ се и станете дел од тимот кој ја обликува иднината.


Посветени сме на нашите странки.

Ги запознаваме нашите странки, се фокусираме на нивните потреби и наоѓаме решенија за нив.

Се трудиме повторно да ги убедиме со агилноста и брзата, висококвалитетна и љубезна услуга.