start portlet menu bar

Постапка за вработување

Display portlet menu
end portlet menu bar

Дали сте подготвени за пат до Триглав?

Нашиот процес на вработување ги следи чекорите во продолжение.




1
На нашата веб страница можете да најдете многу информации за нашите вредности и стратегија, за начинот на работа и што нудиме. Подобро запознавање со нас може да ви помогне да не разберете подобро и полесно да се подготвите за интервјуто.
2
Дознајте точно што очекуваме од вас и кои се знаењата и вештините посакувани за одбраното работно место. Ова ќе ви помогне да ги претставите своите искуства, кои може да бидат корисни на тоа работно место.
3
Целта на интервјуто е да ве запознаеме подобро. Нè интересира кој сте, зошто сакате да работите со нас и кои се вашите очекувања.
4
Сакаме да се чувствувате што попуштено во текот на интервјуто, затоа препорачуваме да дојдете 10 до 15 минути порано. Така ќе имате доволно време да се смирите и подготвите.

Во случај на интервју на далечина, однапред обезбедете мирен простор и функционална интернет врска.
5
Не се плашете да се пофалите. Вашите претходни достигнувања и искуства ќе ви помогнат да се претставите подобро и да ги истакнете вашите способности.
6
Сакаме да се претставите најдобро што можете. Можете да одвоите време да размислите за секое прашање ако ви е потребно.
7
Бидете што поактивни во разговорот, не се плашете да поставувате прашања. Прашајте нè сè што ве интересира, со задоволство ќе ви одговориме.
8
Делувајте самоуверено, верувајте во себе и своите способности. Храбро покажете ни што можете да понудите и зошто сте вистинскиот избор за нас.