Уживајте во плодовите на Вашата мудра инвестиција
-Осигурување на живот со штедење -Детско осигурување со штедење
Заштита на целото семејство при несакан штетен настан по животот на корисникот на полисата
Ризико осигурување во случај на смрт на осигуреникот
Вашето семејство без долг како наследство
Осигурување на живот на корисници на кредит
Осигурувањето е наменето за финансиска сигурност на најблиските, бидејќи во случај на најлошото, заемот се отплаќа од склученото осигурување.
ВНЕСЕТЕ СВЕТЛИНА И БЕЗГРИЖНОСТ ВО ТИМОТ
Колективно ризико осигурување во случај на смрт од болест
Производот колективно осигурување во случај на смрт од болест е наменет за Компании кои своите вработени ги осигуруваат од ризикот смрт од болест.
финансиска поткрепа за полесно лекување и закрепнување
Дополнително осигурување за тешки болести и состојби
Болестите се непредвидливиот дел од животот, некои поминуваат брзо, но некои се тешки, болни и спори. Во случај на тешка болест, обезбедете си финансиска поткрепа која ќе ви го олесни лекувањето и закрепнувањето.
oсигурете ја Вашата удобност и сигурност
Дополнително осигурување од несреќен случај
Дополнителното осигурување од несреќен случај може да се склучи со приклучување кон основното осигурување на живот со штедење и во зависност од тоа дали премијата се плаќа на рати, или еднократно.

Финансиска сигурност за тогаш кога е најпотребно

Дали некогаш сте се запрашале зошто е потребно да имате животно осигурување?

  • Oсигурување на вашите најблиски - ако се случи несакан штетен настан, вашите најблиски ќе ги покријат трошоците за кредит, образование на децата ...
  • Прилагодени на животот на поединецот - бидејќи наидувате на нови ситуации во животот
  • Високи суми осигурени со ниски премии - за релативно ниска премија можете да им обезбедите на вашите најблиски висока исплата во случај на најлошото.
  • Комбинации со дополнително осигурување - со поврзување на индивидуално дополнително осигурување ја обезбедувате сопствената безбедност во случај на несреќа или болест.

Нашите призводи создаваат среќни лица и хармонични животни моменти.

Бидете насмеани и осигурени.

Најчесто поставувани прашања

Каде да добијам информации за сите мои полиси за животно осигурување?

Најбрзите начини да добиете информации за сите ваши полиси за животно осигурување се:

  • посетете не во нашата дирекција која се наоѓа на Бул.8ми септември бр.18 кат 2, Скопје
  • побарајте на нашиот телефонски број  +389 25 102 201
  • исконтактирате ни порака на Viber +389 78 200 580 или
  • побаратје го Вашиот агент за осигурување


Која е препорачаната сума на осигурување за животно осигурување?

Препорачаната сума за осигурување зависи од Вашата потреба, нашите агенти ќе направат соодветна пресметка согласно Вашиот избор

Колку е висок ризикот нешто да ми се случи и да ми треба осигурување?

Животот е полн со неочекувани настани. За жал, не можете секогаш со сигурност да предвидите што ве чека. Затоа полисата за осигурување живот даде заштита на Вашите најблиски кога е тоа најпотребно.

Дали моето здравје игра улога кога склучувам осигурување?

Осигурителната компанија ќе го провери вашето здравје и начин на живот за време на процесот на прием преку здравствен прашалник. Со дополнителни услови се осигуруваат само здрави лица, а оние кои не се целосно здрави. Важно е правилно да ги наведат информациите што ги бара осигурителната компанија при склучување на осигурувањето, бидејќи во спротивно не е гарантирано дека ќе ја добиете целосната исплата кога ќе се случи осигурителниот настан.

Кои дополнителни осигурувања можам да ги поврзам?

Можни е склучување на следните дополнителни осигурувања:

Дополнително осигурување за тешки болести и состојби

Дополнително осигурување од несреќен случај

Дополнителните осигурувања може да се склучат со повеќето производи за осигурување на живот.