Финансиска сигурност за тогаш кога е најпотребно

Дали некогаш сте се запрашале зошто е потребно да имате животно осигурување?

  • Oсигурување на вашите најблиски - ако се случи несакан штетен настан, вашите најблиски ќе ги покријат трошоците за кредит, образование на децата ...
  • Прилагодени на животот на поединецот - бидејќи наидувате на нови ситуации во животот
  • Високи суми осигурени со ниски премии - за релативно ниска премија можете да им обезбедите на вашите најблиски висока исплата во случај на најлошото.
  • Комбинации со дополнително осигурување - со поврзување на индивидуално дополнително осигурување ја обезбедувате сопствената безбедност во случај на несреќа или болест.

Нашите призводи создаваат среќни лица и хармонични животни моменти.

Бидете насмеани и осигурени.

Најчесто поставувани прашања

Каде да добијам информации за сите мои полиси за животно осигурување?

Најбрзите начини да добиете информации за сите ваши полиси за животно осигурување се:

  • посетете не во нашата дирекција која се наоѓа на Бул.8ми септември бр.18 кат 2, Скопје
  • побарајте не на нашиот телефонски број  +389 25 102 201
  • исконтактирајте не преку Viber +389 78 200 580 или
  • побарајте го Вашиот агент за осигурување


Која е препорачаната сума на осигурување за животно осигурување?

Препорачаната сума за осигурување зависи од Вашата потреба, нашите агенти ќе направат соодветна пресметка согласно Вашиот избор

Колку е висок ризикот нешто да ми се случи и да ми треба осигурување?

Животот е полн со неочекувани настани. За жал, не можете секогаш со сигурност да предвидите што ве чека. Затоа полисата за осигурување живот даде заштита на Вашите најблиски кога е тоа најпотребно.

Дали моето здравје игра улога кога склучувам осигурување?

Осигурителната компанија ќе го провери вашето здравје и начин на живот за време на процесот на прием преку здравствен прашалник. Со дополнителни услови се осигуруваат само здрави лица, а оние кои не се целосно здрави. Важно е правилно да ги наведат информациите што ги бара осигурителната компанија при склучување на осигурувањето, бидејќи во спротивно не е гарантирано дека ќе ја добиете целосната исплата кога ќе се случи осигурителниот настан.

Кои дополнителни осигурувања можам да ги поврзам?

Можни е склучување на следните дополнителни осигурувања:

Дополнително осигурување за тешки болести и состојби

Дополнително осигурување од несреќен случај

Дополнителните осигурувања може да се склучат со повеќето производи за осигурување на живот.