Инвестициcко осигурување на живот на корисници на кредит

Мирна иднина за вас и вашето семејство

Овој производ претставува современ производ кој комбинира осигурителна заштита и можност за инвестирање. Станува збор за осигурување на живот во случај на смрт на осигуреникот, поврзано со удели во инвестициски фондови, при што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик.

Вредноста на инвестициската сметка зависи од движењето на вредноста на уделите во фондот, односно од хартиите од вредност во кои тие инвестираат.

Овој производ обезбедува сигурност за кредитобарателите преку отплата на кредитот во случај на смрт, вклучително и покритие при смрт од COVID-19. На овој начин, семејството на осигуреникот е заштитено од преземање на преостанатите кредитни обврски.

Како дел од концептот на банко-осигурување, овој производ претставува комбинација од осигурување и инвестирање. Покрај финансиската заштита, ваквите производи често овозможуваат и поповолни услови за кредитирање, што дополнително ја зголемува нивната вредност за клиентите.

За осигурувањето

Кој може да се осигура
ОСНОВНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСИГУРУВАЊА
ПРЕМИИ И ОСИГУРЕНИ СУМИ
ИСПЛАТА

Наменет е за лица на возраст од 18 до 70 години

Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена првата премија или првата рата, односно еднократната премија.

Висината на осигурената сума за случај на смрт (основна осигурена сума) се определува при склучување на осигурувањето така што, по правило, не е пониска од висината на земениот кредит.
Осигурената сума за случај на смрт за времетраење на осигурувањето постепено се намалува во согласност со табелата на фактори на годишни вредности на осигурената сума, така за да биде еднаква на нула по истекот на договорениот период на осигурување. При доживување на истекот на полисата се исплаќа вредноста на  инвестициската сметка со целиот остварен принос во изминатиот период.

Нашите призводи создаваат среќни лица и хармонични животни моменти.

Бидете насмеани и осигурени.

Најважни причини зошто да склучите осигурување

1 Сигурност на семејството
2 Лична сигурност
3 Пониски каматни стапки
4 Исплата на кредитот при несакан штетен настан

Често поставувани прашања

За кого е наменето ова осигурување?

За сите кредито способни клиенти.


Дали можам да осигурам со осигурена сума поголема од износот на кредитот? Дали тогаш имам право на разлика откако ќе истече рокот?

Можниот вишок, разликата од износот на осигурената сума и висината на долгот, му се исплаќа на корисникот-лице за случај на смрт. Осигурувањето со тоа престанува.

Колкава е минималната основна сума на ова осигурување?

Висината на осигурената сума за случај на смрт (основна осигурена сума) се определува при склучување на осигурувањето.

Документи

За преглед на документите препорачуваме да користите PDF прегледувач Adobe Acrobat Reader

УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

БРОШУРИ