Če želite povezati spletno vsebino, dodajte vsebino v področje spletnega mesta "triglavzivot.mk/Glavne vsebine/Осигурување/Физички лица/Осигурување живот/Животно осигурување за корисници на кредит со еднократна уплата" ali pa uporabite pogovorno okno Vsebinska točka ali način Urejanje skupnih nastavitev v Prikazovalniku spletne vsebine in izberite vsebino za prikaz. Seznanite se z nastavitvami vsebine

Инвестициско осигурување на живот

Инвестирајте балансирано

Осигурувањето на живот во случај на смрт на осигуреникот поврзано со удели во инвестициски фондови, каде осигуреникот го презема ризикот за инвестирање

Договорувачот при склучување на инвестициското осигурување на живот избира од инвестициските фондови понудени од осигурителот, кои ќе бидат наведени во полисата за животно осигурување издадена при склучување на Договорот за инвестициско осигурување, како и друштвото за управување на инвестициски фондови кое ќе управува со нив. Вредноста на единица имот (ВЕП) се врзува со цената на уделот на избраните фондови/фонд. ВЕП на инвестициската сметка на договорувачот зависи од движењето на вредноста на инвестициските удели, односно хартиите од вредност во кои инвестираат фондовите/фондот.

Дополнителни осигурувања

Покрај основното осигурување кон овој производ може да се договорат и дополнителни осигурувања, според посебните услови на осигурувачот.

  • Дополнително осигурување за тешки болести и повреди
  • Дополнително осигурување од несреќен случај
  • Доколку со осигурувањето на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и посебните услови за осигурување за соодветното дополнителното осигурување.

    Документи

    Ви препорачуваме да користите Adobe Acrobat Reader за прегледување на PDF документи

    УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ