Вредноста на Компанијата е во човечкиот капитал. Секој вработен во колективот заслужува да биде заштитен и сигурен.
Производот е наменет за Компании кои своите вработени ги осигуруваат од ризикот смрт од болест. Согласно условите, можат да се осигураат здрави лица со навршени 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи од месецот во кој осигуреникот се стекнал со право на осигурување, па се до завршувањето на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 69 години.
Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 70 години старост.
При склучување на Договор за колективно осигурување на живот во случај на смрт од болест се изготвува список на осигуреници кој содржи основни податоци како: име, презиме, ЕМБГ, корисник на осигурувањето, изјаснување дали осигуреникот е носител на јавна функција, потпис со кој ја дава својата согласност да биде осигурен ,како и други податоци неопходни за исполнување на обврските на Осигурувачот по договорот за осигурување или предвидени со законските прописи. Овие документи се прилог на понудата, која пак е составен дел на полисата за осигурување.
Придобивка на овој производ е важноста на осигурувањето и при настанување на штетен настан како последица на Ковид 19.