Oсигурување на живот со штедење

Животот се состои од планови за среќа и решавање на проблемите што ќе застанат на патот на нивното остварување. Иднината не можеме да ја предвидиме, но можеме да ја планираме. Инвестирајте во вашата иднина и во иднината на Вашите најблиски.


Осигурувањето на живот со штедење е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест, или несреќен случај.
 

Оваа инвестиција во иднината овозможува да се осигурат лица на возраст од 14 до 65 години. Но, без разлика кога ќе започне осигурувањето, истото завршува  во календарската година кога осигуреникот ќе наполни 75 години старост.
 

Осигурувањето може да се склучи на период од минимум 5 години и максимум 25 години, со минимална месечна премија од 15 евра.
 

Зависно од сумата на осигурување и пристапната старост на осигуреникот, осигурувањето на живот со штедење се склучува со, или без лекарски преглед.
 

Покрај основната понуда,, Триглав Живот нуди можност и за осигурување на двојна осигурена сума во случај на смрт.
 

Кога осигуреникот ќе го доживее периодот на осигурување, осигурувачот ја исплаќа осигурената сума на одбраниот начин. Триглав Живот нуди три начини на исплата:

  • Исплата на еднократен износ
  • Исплата на рати
  • Исплата на дел од сумата во еднократен износ, а остатокот на рати

Дополнителни можности и погодности во текот на важење на осигурувањето се:

  • Зголемување на осигурената сума во тек на важење на осигурувањето
  • Мирување на осигурувањето со престанок на обврската за плаќање на премија, најмногу во времетраење од 1 година
  • Капитализација – намалување на осигурената сума без натамошно плаќање на премија
  • Откуп на осигурувањето, пришто осигурувањето престанува да важи
  • Аванс, до висина на откупната вредност на полисата
  • Аванс за новороденче, по првата година од осигурувањето– 10% од осигурената сума, максимум до 300 евра.

Учество на осигуреникот во распределба на евентуално остварена добивка на осигурувачот, која што се припишува на осигурената сума  
 

Полисата за осигурување на живот на Триглав обезбедува целосна осигурена сума во случај на смрт од Ковид-19.

За новите клиенти приемот во осигурување непречено се одвива и доколку патувале или планираат да патуваат во некоја од земјите членки на Европска Унија, или пак во земјите од регионот (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија)*.

Доколку клиентот, при прием во осигурување, патува, или пак патувал на некоја друга дестинација, приемот во осигурување се одложува 4 недели по завршување на патувањето и откако клиентот ќе достави писмена изјава дека не е заразен со Ковид-19.

*Листата на земји може да претрпи измени, за што клиентите навремено ќе бидат известени.
 

Менаџерско осигурување на живот

Осигурување на живот е современ начин за наградување на лојалноста на вработените, намалување на одливот на квалитетни кадри, оптимизација на трошоците за Компанијата и дополнителна вредност за вработените и нивните семејства преку осигурително покритие.

Менаџерско осигурување на живот