Технолошки усовршен дигитален центар на Групацијата Триглав во Љубљана
Групацијата Триглав во Љубљана отвори нов дигитален центар,
Триглав ЛАБ. Просторот на едно место обединува услуги на четири друштва
од Групацијата Триглав, современи технолошки решенија и иновативни
искуства од подрачјето на безбедност. На посетителите им овозможува
искуство со напредни идеи од областа на осигурувањето, коишто се
прилагодени на потребите на клиентите и ја олеснуваат соработката со
водечката осигурителна и финансиска групација во Словенија и во регионот
Адриа.
Технолошки напредниот центар Триглав ЛАБ на посетителите ќе им понуди увид и можност за користење на иновативни дигитални решенија. Покрај тестирање на нови продукти, развој на современи паметни услуги и остварување на идеи за подобро корисничко искуство, неговата намена е и приближување на луѓето кон дигиталниот свет на осигурувањето и можност за користење на дигиталните услуги на Триглав. Тоа значи дека посетителите во Триглав ЛАБ ќе можат да склучат договори за осигурување, како и да пријавуваат штети.
Фокус на клиентите
Во новата стратегија, Групацијата Триглав, во самиот центар на своите активности ги постави клиентите. »Свесни сме дека дигитализацијата е нашата реалност. За обезбедување на квалитетни производи и услуги, потребни се технолошки решенија, прилагодени на потребите на клиентите. Тие се центарот на нашите активности, затоа ги прилагодуваме процесите на нив и на нивните потреби, коишто се менуваат, и развиваме иновативни производи и услуги. Токму затоа деловните процеси постојано ги надградуваме со современи решенија. Согласно нашата нова вредност, современост, како и врз основа на стратешките насоки, го основавме Триглав ЛАБ – технолошки центар и полигон на дигитално работење на Групацијата Триглав,« изјави Тадеј Чароли, член на Управата на Заваровалница Триглав.
Целта е на осигурениците да им се понудат пред сѐ едноставни и меѓусебно поврзани услуги од разни осигурителни групи, поточно имотни осигурувања, осигурување на живот, здравствени и пензиски осигурувања. »Преку овој напреден дигитален центар сакаме, меѓу другото, на клиентите да им понудиме единствено и сеопфатно искуство - да се надмине поделбата на поединечни друштва во Групацијата Трилгав и на едно место да одговориме на нивните потреби.« Триглав ЛАБ е продажно место, коешто под една стреа ги здружува четирите одделни друштва: Заваровалница Триглав, Здравствена заваровалница, Триглав Склади и Скупна покојнинска дружба.
Современи технолошки иновации
Сите кои ќе дојдат во дигиталниот центар, ќе имаат можност да го тестираат симулаторот ДРАЈВ. Симулаторот на корисниците им овозможува искуство со различни ситуации, што можат да се случат во сообраќајот, а на помладите возачи им дава можност да поминат курс за безбедно возење. Посетителите ќе можат да ги пробаат и симулациите за скијачки скокови и за земјотреси во виртуална реалност. Преку видео конференции ќе имаат можност да разговараат со лекари, од кои ќе можат да добијат совети за превентивни лекувања, додека пак преку ЕЕГ технологијата ќе имаат можност да се запознаат со проблематиката на деменција. И тоа не е сѐ. Посетителите ќе можат со сопствените мисли да наточат питка вода, додека на соларните клупи ќе можат да ги наполнат своите мобилни уреди.
Мисијата на Групацијата Триглав е градење на безбедна иднина. Иновативните доживувања во центарот Триглав ЛАБ (кратенка од лабараторија) ќе помогнат и при подигнување на свеста на клиентите за последиците од демографските промени, природните катастрофи, безбедноста во сообраќајот итн.
Корисни линкови: