38–ма Триглав генерација на Планица


 

Заваровалница Триглав организира настани на Планица веќе речиси половина век. Како долгогодишен партнер на Скијачкиот сојуз на Словенија и Златен спонзор на Планица 2018, Триглав, незаборавното доживување на еден од најголемите празници на спортот и оваа пролет ќе им го овозможи на рекорден број на деца и нивните придружници од цела Словенија. Најголемата словенечка осигурителна компанија ќе одведе повеќе од 3.500 деца во долината под Понца и со традиционалната акција, Децата на Триглав на Планица, ќе ја одбележи завршницата на Светскиот Куп во скијачки скокови.

 

Логото на Заваровалница Триглав на крајот на скокалницата на Планица и оваа година ќе биде цел на најдобрите скијачки скокачи, коишто во долината под Понца веќе традиционално ќе ја затворат сезоната на натпревари. Најголемото словенечко друштво за осигурување, кое ја поддржува Планица веќе 49 години, ќе им овозможи на рекорден број на деца – повеќе од 3.500 – и нивните придружници, како и на 13 големи семејства, да уживаат во спектаклот на  квалификациите. Во четврток ќе се одбележи пристигнувањето на 38-та генерација на деца, на кои Заваровалница Триглав од 1981 година им овозможува присуство на овој легендарен спортски настан.

 

» Целта на акцијата, Децата на Триглав на Планица, е младите да уживаат во овој алпски спектакл, без оглед на социјалната средина од која што доаѓаат. Ова е наш обид, да го разбудиме интересот за спорт и здрав начин на живот. Воедно, сакаме да им овозможиме на децата безгрижен ден во природа заедно со своите врсници, кој што ќе им остане во трајно сеќавање«, изјави Тадеј Чароли, член на управниот одбор на Заваровалница Трилгав. Според г. Чороли, осигурителната компанија во изминатите 40 години на Планица довела повеќе од 90 илјади луѓе.

 

За децата тоа е ден на незаборавни доживувања, можност да присуствуваат на светски спортски настан и да се забавуваат во друштво на словенечки музичари (оваа година ќе настапува групата BQL). Младите ќе имаат можност да се запознаат со скокачите и да добијат по некој автограм, а со нив ќе биде и Кучето Пази.

 

»Да бидете спортски јунак за децата е навистина посебно. Тоа ни дава дополнителна енергија и мотивација за добар настап. Никој не сака да го разочара тоа разиграно мноштво на млади,  кои секогаш многу бучно и искрено навиваат за нас«, изјави Петер Превц на крајот на сезоната и додаде: »За ски скокачите, четврток е ден кога Заваровалница Триглав ги носи децата на Планица, најемотивниот ден од финалето. Многу од нив не би можеле да ја доживеат Планица, затоа од сé срце ја поддржувам акцијата Децата на Триглав на Планица.«

 

Должините на летови на Петар Превц и на неговите колегите натпреварувачи, оваа година можете да ги прогнозирате со помош на мобилната апликација  Triglav Rekord. Љубителите на спортот ќе имааат можност на безбеден и забавен начин да станат дел од натпреварот – во живо на теренот, или едноставно од удобна фотеља дома. Апликацијата е на располагање за оперативните системи Android и iOS.

 

Институтот за  друштвено одговорни активности на  Заваровалница Триглав, Се ќе биде во ред, трет пат по ред на Планица ќе ја организира националната акција “40 дена без алкохол”. Посетителите ќе бидат охрабрени умерено да конзумираат алкохол, или пак во потполност да се воздржат, а ќе им биде овозможено доброволно бесплатно користење на алкотестови.


Complementary Content
${loading}