Оглас за пополнување на работно место “Менаџер за управување со надворешни канали-Брокери и Банки

Триглав осигурување  Живот

Објавува оглас за пополнување на 1(едно) работно место

“МЕНАЏЕР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАДВОРЕШНИ КАНАЛИ- БРОКЕРИ И БАНКИ”.

Квалификации:

  • Релевантно искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)
  • Возачка дозвола од Б категорија
  • Комуникациски и организациски способности
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост.
  • Висока мотивираност, проактивност и желба за надградба во полето на работа.

Компанијата нуди:

  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област
  • договор за вработување,
  • Службен телефон
  • Можност за брзо напредување во рамките на компанијата

Опис на работно место:

  • Континуирана работа и поддршка во делот на продажба на Брокерите и Банките;
  • следење и контрола на брокерските друштва во врска со продажбата на полиси;
  • следење и контрола на Банките во врска со продажбата на полиси;
  • доставување на информации за промотивни активности, предности на производи;
  • помага во продажни состаноци со надворешни канали;

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                       

-биографија (CV)

-мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 23.03.2022година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk,

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.


Complementary Content
${loading}