Денови на финансиска писменост

                     

Финансиската едукација е првиот чекор кон сигурна финансиска иднина!

Да се биде финансиски писмен значи да се носат информирани и одговорни одлуки, да се препознаваат ризиците и да се создава финансиска стабилност за себе и за семејството.

Една од круцијалните алатки за сигурност и штедење е животното осигурување. Животното осигурување не е само полиса, туку начин да се заштитите и себе си и  иднината на вашето семејство со што ќе обезбедите финансиска поддршка во непредвидени животни ситуации.

Во периодот кога се одбележуваа Деновите на финансиската писменост 28.10-05.11, Триглав Осигурување Живот А.Д. Скопје се придружи кон едукација на финансиките соработници во насока на значењето животното осигурување како одлична финансиска одлука.

Информирајте се, размислувајте одговорно и направете чекор кон посигурна иднина со склучување на животна полиса. 

Complementary Content
${loading}