Комбинација на штедење и осигурување која овозможува по истек на договорениот осигурителниот период, нашите деца да ги добијат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат можноста да користат осигурување.
Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти, а поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Детско осигурување со штедење вистински заштитник за сигурна иднина.
Детско осигурување со штедење е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации, а производот е комбинација на штедење и осигурување кој покрај полисата за животно осигурување, ја гарантира и сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителниот период, нашите најмали ги добиваат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.
Со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 1 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години.
*Во случај на несакан штетен настан-смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.
Сè ќе биде во ред.