Друштвото за управување АЛТА Склади стана член на Групација Триглав

Групациjата Триглав со зајакната положба меѓу словенечките управувачи со имот

 

На ден 24.4.2019г. друштвото за управување со средства Триглав склади, член на Групацијата Триглав, стана сопственик на друштвото за управување АЛТА Склади. Договорот за купување беше потпишан во септември минатата година, но беше склучен под одредени суспензивни услови, поврзани со добивање на согласност од страна на регулаторните органи, кои сега успешно се исполнија. Групацијата Триглав со своите две друштва за управување – Триглав Склади и АЛТА Склади – стана водечки понудувач на взаемни фондови на словенечкиот пазар (со пазарен удел од 34%). Преку вкупно 36 взаемни фондови управува со повеќе од 930 милиони евра имот, додека вкупните средства со кои управува, заедно со средствата од индивидуалното управување со имот  изнесуваат околу 1 милјарда евра. Своите услуги за управување со средства ги обезбедува на повеќе од 120.000 клиенти, во кои се вклучени мали инвеститори, големи индивидуални клиенти, правни лица и институционални инвеститори.

 

Зголемувањето на вкупниот обем на средства со коишто управуваат, претставува обврска и добра основа за натамошно професионално и одговорно управување и оплодување на средствата на клиентите, кои го довериле својот имот на управување во взаемните фондови на двете друштва. Тоа овозможува натамошен развој на понуда со најквалитетни услуги, коишто се прилагодени на индивидуалните потреби, како и користење на комплетни решенија во рамките на Групацијата Триглав.

 

Водечката осигурително финансиска Групација Триглав, со купување на друштвото АЛТА Склади, дополнително ја зајакнува активноста на управување со имот, која што покрај осигурувањето, е нејзин втор стратешки столб на работењето. Зголемениот обем на средства со коишто се управува и комплетните услуги, како и синергиски ефекти на зголемениот обем на работење се сигурна основа за иден успешен развој на овие активности на Групацијата Триглав.


Complementary Content
${loading}