Интервју на Христина Џамбазовска Анастасов за THE ECONOMIST



ИНВЕСТИЦИЈАТА во животно осигурување е одлука која значи безгрижност, одговорност, финансиска стабилност и просперитетна иднина за осигуреникот и неговото семејство.

 

Сите овие бенефити го прават осигурувањето на живот исклучително атрактивна и корисна можност за граѓаните во услови кога сите ние сме соочени со динамичен живот, бројни економски и животни предизвици. Токму затоа Христина Џамбазовска Анастасов, генерален директор на Триглав Осигурување Живот, е особено горда што е на чело на компанија која со својата богата понуда на осигурителни полиси им нуди на граѓаните различни можности за да си обезбедат мир во животот и безгрижна иднина на своите семејства.


Тимот на Триглав Осигурување Живот, на чело со Џамбазовска, има голем предизвик, а во исто време и привилегија да го развива осигурувањето на живот во земјава како производ кој, пред сè, треба да им обезбеди на клиентите сигурна и вредна инвестиција, а на долг рок да придонесе и за подобрување на животниот стандард и на квалитетот на животот.

 

Редакцијата на Економист: Светот во 2024, ја избра Џамбазовска како интересен соговорник, која ги пренесува актуелните трендови во оваа брзорастечка индустрија во земјата, зборува за постигнатите успеси во шест години постоење и за целите со кои влегуваат во новата година.

 

ЕКОНОМИСТ: Што значи осигурувањето на живот како финансиска инвестиција и што сè нуди за вложените средства на осигуреникот?

 

Христина Џамбазовска Анастасов: Осигурувањето на живот е многу повеќе од само заштита во случај на несреќа. Постојат голем број на производи со различни обезбедувања, но пред сè секој производ им нуди на граѓаните можност за елиминирање на финансискиот стрес, безгрижност во годините што доаѓаат или, пак, дел од производите нудат од една страна осигурување за немил настан, а од друга страна можност за оплодување на нивните средства. Како финансиски продукт нуди бројни погодности и можности кои го прават привлечен избор за многу луѓе.

 

Триглав Осигурување Живот има богата понуда на полиси за животно осигурување, сè со цел да им излеземе во пресрет на специфичните потреби, можности и желби на нашите постоечки и потенцијални клиенти. Нашите продукти за животно осигурување имаат различно ниво на минимална месечна и годишна премија, кое се движи минимум 3 евра на месечно ниво, со што сакаме да бидат атрактивни и прифатливи за граѓаните. Полисата за животно осигурување може да се приспособи на индивидуалните потреби на секој корисник согласно неговата возраст, пол, желбите и барањата, а со цел да создаде најдобри услови и придобивки за него. Важно е граѓаните да знаат дека осигурувањето на живот е инвестиција во себе и во својата иднината. Осигурувањето на живот на секој корисник му дава можност мирно да чекори низ денешницата, знаејќи дека обезбедува финансиска заштита за своите најсакани во случај да му се случи нешто несакано. Што е уште поважно, по истекот на периодот на важење на полисата, осигуреникот ги добива назад вложените средства и може повторно да ги вложи или да ги искористи за некоја своја голема желба или потреба, како што е реновирање на домот, образование на децата, патувања или едноставно за обезбедување на посакуваниот животен стандард.

 

Траењето на полисата за животно осигурување го одредува осигуреникот, во зависност од неговите потреби и можности. Осигурувањето на живот е еден од основите и за добар економски систем во секоја развиена економија. Единствено овој производ има уникатна компонента на осигурување и заштеда и е значаен дополнителен приход за пензиските денови.

 

ЕКОНОМИСТ: Може ли да ни дадете профил на граѓанин на кого му треба животно осигурување и каков избор би требало да направи?

 

Христина Џамбазовска Анастасов: Осигурувањето на живот им е потребно на сите возрасни луѓе кои остваруваат свои примања, а особено на тие што формирале семејство и дом за кој треба да се грижат. Без разлика дали станува збор за долгогодишен бизнисмен, самохрана мајка или вработен млад човек кој сака да основа свое семејство, полисата за животно осигурување гарантира мирна сегашност и ги поставува темелите за среќна иднина.

 

ЕКОНОМИСТ: Триглав Осигурување Живот бележи најголем раст на пазарниот удел во споредба со конкуренцијата. Која е формулата за ваквиот успех?

 

Христина Џамбазовска Анастасов: Нашата посветеност како тим, разбирањето на потребите на клиентите и нашата определба да им понудиме продукт кој значи ново ниво на задоволство од нивната инвестиција се формулата што го генерира нашиот раст во изминатите 6 години и ни донесе пазарен удел од 23%. Нашите производи и услуги имаат динамичен развој, постојано се иновираат и секогаш се приспособуваат на потребите на клиентите. Така се движиме во согласност со пазарните трендови и оттаму ги црпиме идеите за натамошен раст и развој. Она што особено нè стимулира е фактот дека во земјава има огромен простор и потенцијал за развој на осигурувањето на живот затоа што вкупниот износ на премијата за животно осигурување на крајот од 2023 година изнесуваше само 0,3% од БДП, а вкупната премија по глава на жител беше 22 евра. Со овие параметри Македонија е на последно место во регионот. Потенцијалот за раст на осигурувањето на живот го гледаме и во фактот што домаќинствата имаат вкупни заштеди во банките од над 6 милијарди евра заклучно со октомври годинава, што значи дека располагаат со слободни парични средства и дека се грижат за безбедна иднина. А, токму тоа им го овозможува осигурувањето на живот како финансиски продукт.

 

Би сакала да посочам на уште еден значаен параметар, а тоа е дека вкупната кредитна задолженост на домаќинствата заклучно со октомври изнесува 3,97 милијарди евра или со други зборови, секој активен граѓанин на банките им должи околу 5.000 евра. Неретко поединечната кредитна задолженост може да надминува и 20-30.000 евра. Со осигурувањето на живот, сите овие граѓани може да ги растоварат своите најблиски од кредитен товар во случај на немил настан за корисникот на кредитот. А ние сме тука да им помогнеме да изградат среќна и безгрижна иднина.

 

ЕКОНОМИСТ: Колку за успехот на Триглав Осигурување Живот е важна синергијата во тимот?

 

Христина Џамбазовска Анастасов: Вработените во Триглав Осигурување Живот се крвотокот на компанијата. Со својата беспрекорна функционалност и импресивна мотивираност, тие ѝ даваат живот на секоја стратегија и визија. Интересно е што секој вработен носи своја уникатна комбинација на индивидуални вештини и искуство, а притоа совршено функционира во тимот и придонесува за севкупната синергија која резултира со ефикасност, квалитет и иновации. Успехот на тимот на Триглав Осигурување Живот се должи и на тоа што постојано вложуваме во обуки и развојот на вештините и знаењето на вработените. А, секако и во истакнување и вреднување на нивниот придонес и на нивните резултати. Важноста на тимот не е само во извршувањето на задачите туку и во создавање култура во која секој се чувствува вреднуван.



A person sitting in a chair

Description automatically generated


 

ЕКОНОМИСТ: Успешните резултати неминовно упатуваат и на успешно менаџирање на компанијата. Колку фактот што сте жена придонесува за динамичниот развој на Триглав Осигурување Живот?

 

Христина Џамбазовска Анастасов: Лидерската позиција во секоја индустријата бара силна комбинација на вештини, емпатија, непоколебливост и ефикасност во справување со предизвиците. Две од овие карактеристики веќе ги носи самиот момент што сум жена, а останатите неминовно доаѓаат како последица на претходните. Можеби емпатијата како карактеристика за жените често се перципира како „мека” вештина, но денес е моќен адут кога треба да се комбинираат претпазливоста, грижата за клиентите и успехот на компанијата. Во конкурентен сектор како осигурителниот, способноста ефикасно и функционално да се менаџира со клиентите, вработените и притоа да се одржува остар фокус на управување со ризиците, е вистински предизвик. Затоа ме радува што нашите резултати се успешни и што ни даваат залет за натамошен прогрес.

 

ЕКОНОМИСТ: Што ново може да очекуваат граѓаните во полето на осигурувањето на живот?

 

Христина Џамбазовска Анастасов: Пред сè, не очекува силна посветеност за зголемување на свеста и информираноста на граѓаните за предностите и бенефитите што им ги носи осигурувањето на живот. Тоа ќе генерира зголемена и специфична побарувачка, на што ќе имаме обврска да одговориме со воведување осигурителни производи приспособени на различните барања на клиентите. Очекувам значаен придонес во растот да има и рентното осигурување, како можност за исплата на ануитети по пензионирањето. Воведувањето повеќе опции за ануитет би можело да привлече клиенти кои бараат стабилен приход по пензионирањето, што за нив значи подобра финансиска состојба. Во следниот период очекувам да продолжи и трендот на раст на ризико-осигурувањето. Изминативе години ризико-осигурувањето сè почесто банките го нудат заедно со кредитни производи во насока на заштита на клиентите кои се кредитно задолжени. Компаниите, пак, го вклучуваат колективното ризико-осигурување како дел од пакетот придобивки за вработените. Значајно е да се истакне и потенцијалот на Unit Link осигурувањето. Овој производ ги комбинира карактеристиките на осигурувањето на живот и инвестирање во удели на инвестициски фондови и е наменет за осигуреници кои се подготвени да носат поризични инвестициски одлуки со можност за остварување повисок принос, но во исто време ја ценат и сигурноста што ја нуди осигурувањето на живот. Значи идните трендови ќе доведат до поголема разновидност во изборот и поголема достапност на осигурувањето на живот, а тоа ќе резултира со зајакнување на пазарот на осигурување во Македонија.




Complementary Content
${loading}