Групацијата Триглав го купува словенечкото друштво за управување со средства АЛТА Склади

Групацијата Триглав ја јакне својата положба помеѓу словенечките управувачи со средства

 

Триглав Склади, член на Групацијата Триглав, на 21.09.2018 година, потпиша договор за купопродажба со продавачот Алта Група за стекнување на 100 отстотен удел во друштвото АЛТА Склади, друштво за управување со средства. Договорот е потпишан под одложени услови, помеѓу останатото и за добивање согласност од страна на регулаторот. Висина на цената за  купопродажба, без прилагодувања за нето долгот, изнесува 21,7 милиони евра, при што дел од купопродажната цена е условен со идни вложувања во средства во стекнатата компанија. Купопродажбата е во согласност со стратешките насоки на Групацијата Триглав, кои во стратешкиот период до 2020 година предвидуваат јакнење во областа на управување со средства, што покрај осигурувањето, е втор најсилен столб во работењето на водечката осигурително – финансиска групација во Словенија и во регионот Адриа. Интегрирањето на двете друштва за управување со средства во рамките на Групацијата Триглав, за клиентите претставува цврста гаранција дека и во иднина ќе им бидат на располагање најквалитетните услуги за управување со нивните средства.

 

Друштвото АЛТА Склади со пазарен удел од речиси 10 отсто, е петто најголемо друштво за управување со средства на словенечкиот пазар на взаемни фондови. Преку 22 взаемни фондови, друштвото управува со повеќе од 270 милиони евра средства на своите клиенти. Групацијата Триглав има долгогодишна традиција и богато искуство на словенечкиот пазар на взаемни фондови. Друштвото Триглав Склади на словенечкиот пазар е присутен од 1994 година, а со пазарен удел од 26 отсто го зазема второто место. Со своите 17 взаемни фондови и индивидуални портфолија, успешно оплеменува повеќе од 750 милиони евра средства на своите клиенти, на коишто им нуди богат избор на инвестициски можности и видови на штедење.

 

Купопродажбата на друштвото АЛТА Склади е значаен чекор на Групацијата Триглав во развојот на дејноста на управување со средства. Групацијата Триглав на овој начин го зголеми нивото на средствата за управување и стекна дополнителен број на клиенти на кои може да им ги понуди своите квалитетни и комплетни услуги и производи. Предвидениот синергиски ефект на поврзување на двата управувачи во рамките на Групацијата, се цврст темел за иден развој и делување на Групацијата Триглав.


Complementary Content
${loading}