Групацијата Триглав станува сто процентен сопственик на „Скупина покојнинска дружба“

Купувањето му овозможува на Триглав ефикасно да го консолидира сегментот на пензиските осигрувања во Словенија

 

Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, на ден 14.09.2018г. потпиша договор за откуп на преостанатиот 28,1 процентен сопственички удел на друштвото „Скупина покојнинска дружба“, со што стана нивен сто процентен сопственик. Со ова купување Триглав продолжува со спроведување на стратешките насоки за јакнење на присутноста во сегментот на пензиски осигурувања, како и за консолидирење и интегрирано управување со овој сегмент во рамки на групацијата.

 

На словенечкиот пазар на доброволни дополнителни пензиски осигурувања, при крај на 2017 година имаше девет понудувачи. Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав, со оглед на обезбедените средства имаше 14 процентен пазарен удел, додека Скупина покојнинска дружба 20 процентен удел. Водечката пазарна позиција на Групацијата Триглав, нејзиното знаење, искуство и перспективи за иднината се добра основа за идното работење на Групацијата во сегментот на пензиските, но и на осигурувањата на живот (пензиски ренти) во Словенија и во регионот Адриа. Групацијата овој пазар го оценува како перспективен и тоа, како во поглед на пораст на бројот на клиенти, така и во поглед на  зголемување на обемот на средства.


Complementary Content
${loading}