Триглав Осигурување Живот на финансискиот караван на НЛБ Банка

Финансискиот караван кој годинава ќе се одржи по вторпат пред експозитурите на НЛБ Банка низ земјата, од 5 мај до 5 јуни, има за цел да ги едуцира и советува клиентите на Банката за различни осигурителни или инвестициски финансиски продукти.

Клиентите ќе имаат можност да дознаат повеќе за активностите и соработката на Триглав Осигурување Живот и НЛБ Банка, како и подетално да се запознаат со придобивките на Унит Линк производот на Триглав животното осигурување.

Унит линк производот е нов и атрактивен осигурителен продукт кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премијата која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

Покрај информации поврзани со Унит Линк производот, клиентите ќе можат да добијат и финансиско советување кое ќе им овозможи носење правилни одлуки за финансиска сигурност во иднина. Тимот на Триглав Осигурување Живот за клиентите подготви и квиз со прашања за кој ќе се добиваат симболични подароци.

Распоред на локации на Триглав осигурување Живот пред експозитури на НЛБ Банка:



Complementary Content
${loading}