Триглав Осигурување Живот со нов производ – Колективно ризико осигурување

Триглав осигурување Живот АД Скопје, почнувајќи од први јануари оваа година, во своето портфолио на производи започна со продажба на производот Колективно ризико осигурување во случај на смрт од болест.

Производот е наменет за компании кои сакаат своите вработени да ги заштитат од ризиците на секојдневието и да ги осигуруваат од ризикот смрт од болест. Освен за вработените, осигурувањето може да се склучи и за членови на нивните семејства.Придобивка на овој производ е важноста на осигурувањето и при настанување на штетен настан како последица на Ковид 19.

Полисата е со рок на важност од минимум една година и истиот се продолжува за секоја наредна година.

“Како компанија која динамично ги следи промените и потребите на пазарот, креиравме производ кој е наменет за заштита на секој вработен, во секоја компанија, а меѓу другите карактеристики, има социјална компонента на одговорност на секој работодавач кон своите вработени и членовите на нивните семејства. Ризикот кој го покрива неретко е на врвот на штетни настани во доменот на незадолжителните осигурувања, токму затоа верувам дека ќе биде нашироко прифатен. Триглав Осигурување живот и понатаму останува верен партнер на македонските граѓани при индивидуално животно осигурување а со овој производ верувам дека ќе се доближиме и до секој работодавач, обезбедувајќи достапен и корисен производ“, кусо изјави Вилма Учета Дузлевска, Извршен директор на Триглав осигурување Живот АД Скопје.


Complementary Content
${loading}