Комерцијална Банка со уникатна можност – станбен кредит со намалени каматни стапки преку полиса за осигурување живот на Триглав

Комерцијална Банка со уникатна можност - станбен кредит со намалени каматни стапки преку полиса за осигурување живот на Триглав

 

Сега е вистинско време за нов дом со станбениот кредит на Комерцијална банка затоа што ги има најниските каматни стапки на пазарот, достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.

  • Полисата за животно осигурување обезбедува каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата
  •  До 30.04.2022 година станбениот кредит е без надомест за одобрување и за процена на имот

 

Станбениот кредит на Комерцијална банка е со најповолни услови за обезбедување нов дом. Има најниски каматни стапки на пазарот, достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.

Полисата за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје дава уникатна можност за станбен кредит со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата. Оваа опција на корисникот му обезбедува не само кредит со најповолни услови, туку и сигурност за него и неговото семејство.

Рокот за отплата на кредитот е до 30 години, со можност за грејс-период од 12 месеци. Затоа станбениот кредит на Комерцијална банка е идеален за остварување на најголемата желба – да се има сопствен стан, куќа или деловен простор во земјава или во странство. Промотивните услови до 30.04.2022 година се одлична можност и за рефинансирање постоечки станбен кредит со цел да се обезбеди со полиса за животно осигурување.

Станбениот кредит дозволува слобода и финансиска безгрижност, а преку следниот линк  може да се поднесат податоци за условите кои најмногу му одговараат на секој корисник.

 

Complementary Content
${loading}