Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка

Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка - „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина.

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. Испланирајте ја својата финансиска иднина и остварете ги Вашите финансиски цели со помош на стручните совети од вработените во сите екпозитури и филијали на Банката.

„Инвестициско осигурување на живот“ е плод на соработката на Комерцијална банка со Триглав Осигурување Живот и со КБ Публикум инвест АД Скопје . Банката нуди полиса за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје која вклучува можност за атрактивна заработка преку инвестирање во удели во инвестицискиот фонд КБ Публикум - Балансиран.

Ако активно размислувате за Вашата финансиска иднина, ние Ви нудиме атрактивни полиси согласно Вашите можности и очекувања:

-Инвестициско ризико осигурување и

-Инвестициско осигурување живот со двојно осигурена сума во случај на смрт

 

Изберете „Инвестициско осигурување на живот“ по Ваша желба и обезбедете загарантирана исплата на осигурената сума и на остварениот принос од Вашите инвестиции.

Дознајте повеќе и изберете го моделот кој најмногу одговара на Вашите потреби на следниот линк: https://kb.mk/osiguruvanje.nspx

 


Complementary Content
${loading}