Животно осигурување со штедење – начин за сигурна иднина

Финансиската сигурност и штедењето се особено важни за соочување со сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот, како и во време на зголемена несигурност поради политички и економски кризи. Инвестирањето во инвестициски фондови носи зголемен ризик бидејќи вредноста на уделите зависи директно од движењето на финансиските пазари и нема никаква гаранција за добивки или загуби. Поради тоа, граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење, со што обезбедуваат дополнителна заштеда, како и заштита и сигурност за своите најблиски.

Склучувањето на полиса за животно осигурување е долгорочна одлука која претставува финансиска заштита и обезбедување на сите оние кои зависат од осигуреникот, но една од најатрактивните опции на пазарот е животното осигурување со штедење, кое нуди акумулирање на средствата, односно еден вид на заштеда. Имено, освен осигурената сума во случај на смрт, оваа можност нуди и исплата на загарантирана осигурена сума во случај на доживување.

Триглав oсигурување живот нуди одлична можност за осигурување на животот со штедење и има бројни предности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации. Овој производ е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест или несреќа, кој покрај полисата за животно осигурување ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекување на осигурителниот период, осигуреникот ги добива средствата во износот кој е договорен при склучување на полисата, а истовремено неговиот живот е осигуран, со што неговите најблиски се финансиски заштитени.

Со овој тип на осигурување може да се осигураат сите лица од 14 до 65 години со минимална премија од 15 евра, на период од 5 до 25 години, во зависност од желбите и индивидуалните потреби на клиентите. Покрај основното осигурување, нуди и дополнително покритие од тешки болести и повреди, а опфаќа заштита од 23 тешки болести и повреди. Истовремено, со овој производ се осигурани и децата на осигуреникот на возраст од 3 до 18 години.

Со склучување на полиса, клиентите добиваат можност за бесплатно второ медицинско мислење од високореномирани здравствени установи.


Complementary Content
${loading}