Триглав Осигурување Живот АД Скопје во соработка со КБ Публикум инвест АД Скопје започна наградна игра

Врз основа на член член 126 од Законот за игрите на среќа и забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ број.24/2011, 51/2011, У.бр. 53/2011 од 14.09.2011 година (Службен весник на РМ бр.132/2011), 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/14, 139/14, У.бр.8/2014-0-1 од 08.10.2014 година, 61/2015), 154/2015, 23 од 10.02.2016 и 178 од 26.09.2016; У бр.65/2016 од 5 јули 2017 година, (Службен весник на РМ бр. 90/2017) и член 69 од Статутот на Триглав осигурување Живот АД Скопје, Генералниот директор на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, на ден 15.06.2022 година
ги донесе следните:

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
„Инвест Вело

Член 1

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Официјално име на наградната игра е „ ВЛОЖИ МУДРО ЗА ЖИВОТ СО НАСМЕВКА

Член 2

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Нaградната игра ќе трае во период од 15.07.2022 година до 30.09.2022 година.

Член 3

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА/ОРГАНИЗАТОР

3.1 Целта на оваа наградна игра е рекламирање на производите на Триглав осигурување Живот АД Скопје ул. 8-ми септември бр.18 кат 2 Скопје кое се продава на територијата на Р. Северна Македонија.

3.2 Организатор на наградната игра „ Инвест Вело ‟ е Триглав осигурување Живот АД Скопје ул. 8-ми септември бр.18 кат 2 Скопје, со ЕМБС 7233825 (во понатамошниот текст Организатор).

Член 4

ТЕРИТОРИЈА НА КОЈА СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра ќе се организира и спроведува на целата територија на Република Северна Македонија.

 

 

Член 5

                                                     ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАГРАДНАТА ИГРА

Во наградната игра ќе учествува производот “Инвестициско осигурување на живот”.

Член 6

ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА, ОПИС И СОДРЖИНА НА ПОТВРДАТА ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА СЕ СТЕКНУВА УЧЕВСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА, УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество во наградната игра има  секое лице кое ќе склучи Полиса за животно осигурување за производот “Инвестициско осигурување на живот”, во периодот на времетраење на наградната игра од 15.07.2022 година до 30.09.2022 година.

Со секоја склучена Полиса за животно осигурување за производот Инвестициско осигурување на живот, Организаторот ќе му издаде потврда на учесникот врз чија основа се стекнува учевство во наградната игра.

Потврдата ќе содржи име, презиме, адреса и телефонски број за контакт на учесникот.

Член 7

МЕСТО, ВРЕМЕ, НАЧИН И ПОСТАПКА ПРИ ПОДИГАЊЕТО НА НАГРАДАТА

Во наградната игра ќе учествуваат сите учесници кои склучиле  полиса за животно осигурување за производот “Инвестициско осигурување на живот” во периодот на времетраење на наградната игра од 15.07.2022 година до 30.09.2022 година.

Извлекувањето ќе се врши во просториите на Триглав осигурување Живот АД Скопје, конференциска сала на ул.8-ми септември бр.18 кат 2 Скопје, на 03.10.2022 (понеделник) година во 12.00 часот по случаен избор со извлекување на затворени коверти во кои ќе бидат напишани име и презиме на учесниците во наградната игра кои склучиле  полиса за животно осигурување за производот “Инвестициско осигурување на живот” во периодот на времетраење на наградната игра од 15.07.2022 година до 30.09.2022 година. Ковертите ќе се пакуваат во Друштвото од страна на маркетинг секторот по извадени листи на клиенти кои склучиле полиса за животно осигурување за производот “Инвестициско осигурување на живот” во периодот на времетраење на наградната игра од 15.07.2022 година до 30.09.2022 година. На бел лист ќе пишува име, презиме и адреса на корисникот на полисата и сите ќе бидат спакувани во идентични бели коверти.

Контролата на извлекувањето ќе ја врши комисија во состав: Самоил Крстевски-самостоен стручен соработник за маркетинг менаџмент, кабинет на Генерален Директор, Триглав осигурување Живот АД Скопје и Ивана Шумковска- самостоен стручен соработник за правни работи и корпоративно управување, кабинет на Генерален Директор, Триглав осигурување Живот АД Скопје и Нотар.

Подигнување на наградите ќе се врши во просториите на Триглав осигурување Живот АД Скопје ул.8-ми септември бр 18 кат 2 , Скопје , а информацијата ќе биде објавена и на интернет страницата на  Триглав осигурување Живот АД Скопје, www.triglavzivot.mk .

Подигнувањето на наградите може да се изврши во рок од 60 дена од денот на објавувањето на добитниците, најдоцна до: 06.12.2022 година.

Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на организаторот.

Организаторот не е одговорен за рекламации во врска со доделените велосипеди бидејќи не е одговорен за производството на истите.

Замена на наградите со други награди, со парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност на планираните награди.

Член 8

НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 (три) дена од денот на извлекувањето на добитниците, односно до 06.10.2022 година, на интернет страницата www.triglavzivot.mk .

Член 9

ПРАВО НА УЧЕВСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Право на учевство во наградната игра имаат сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, освен лицата вработени кај организаторот на наградната игра, односно Групацијата Триглав, како и членовите на нивните потесни семејства.

Член 10

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРАВИЛА

10.1 Официјалните правила на наградната игра по добивањето на согласност од Министерство за финансии, пред започнувањето на наградната игра ќе бидат објавени на интернет страницата www.triglavzivot.mk.

10.2 За подетални информации и прашања во врска со наградната игра, учесниците ќе можат да го контактираат организаторот со повик на телефонскиот број +389  25 102 201  (секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот), или на меил адресата info@triglavzivot.mk .

Член 11

НАГРАДЕН ФОНД

Наградниот фонд се состои од 3 велосипеди по следната цена, a наградниот фонд знесува 28.495 денари.

Член 12

РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОР

12.1 Секој незадоволен учесник во наградната игра кој има приговор или рекламација во врска со организацијата на оваа наградна игра, има право писмено да поднесе приговор до oрганизаторот на наградната игра и за истото да добие писмено известување во рок од 8 дена до приемот на приговорот.

12.2 Приговорите и рекламациите се сметаат за благовремено поднесени, доколку се достават најдоцна 8 дена од утврдувањето на причината заради која се приговара, но не и подоцна од 8 дена по завршувањето на наградната игра.

12.3 Преземањето на било какви активности кои би можеле да пречат, да ја оневозможат, злоупотребат или да нанесат штета на наградната игра се забранети. Доколку се процени или утврди дека некој од учесниците ја злоупотреби наградната игра организаторот го задржува правото да го дискфалификува од наградната игра без понатамошни објаснувања како и да преземе соодветни правни постапки против тоа лице.

Член 13

РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИТЕ СПОРОВИ

Секое несогласување помеѓу oрганизаторот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на спор, за истиот ќе решава надлежен суд во Скопје.

Член 14

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Наградната игра може да се откаже во случај на виша сила, како и во ситуација кога не постои можност од oрганизаторот да има независност во спроведувањето на наградната игра, но притоа да го извести надлежниот орган (Министерство за Финансии на Република Северна Македонија) и да добие негова согласност за откажување на истата. Во случај на откажување на наградната игра, oрганизаторот ќе ги информира потрошувачите за откажување на наградната игра, за причините поради кои се откажува наградната игра, како и за датумот на откажување со објавување на интернет страницата www.triglavzivot.mk .

 

Член 15

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

15.1 Со учеството во наградната игра, учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци (име и презиме, и адреса на живеење). При тоа, организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.

15.2 Добитниците на наградите се согласуваат нивните податоци да бидат користени за потребите за објавување на добитниците.

15.3 Организаторот се обврзува дека личните податоци ќе ги користи исклучиво за потребите на наградната игра и дека со нив ќе постапува согласно со законските прописи.

15.4 Добитникот на наградата се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на добитникот, може да прибира, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за целите на оваа наградна игра.

Член 16

Овие правила стапуваат на сила по нивно објавување на интернет страницата www.triglavzivot.mk

 

 

Complementary Content
${loading}