НЛБ Банка Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот, лансира нов производ Unit Linked – осигурување на живот со инвестиции

НЛБ Банка Скопје, во соработка со Триглав Осигурување Живот, ја збогатува својата понуда на небанкарски финансиски производи и воведува нов производ – Unit Linked, продажба на осигурителни полиси за инвестициско осигурување на живот.

Unit Linked е производ преку кој средствата на клиентот се вложуваат во инвестициски фондови, со истовремено издавање на полиса за животно осигурување. Притоа клиентот, согласно своите можности и потреби, го избира износот на осигурената сума. Исто така, клиентот согласно своите преференци може да избере помеѓу два осигурителни продукти: осигурување на живот со или без штедна компонента. За целото времетраење на договорот, клиентот има животно осигурување на договорената сума, а по истекот на договорот, износот кој му се исплаќа ја содржи осигурената сума, како и остварениот принос по основ на инвестиции.

Партнерството помеѓу двете компании беше официјализирано со формално потпишување на договор за соработка од страна на Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Антонио Аргир и Генералната директорка на Триглав Осигурување Живот, Вилма Учета Дузлевска на кое присуствуваа и членови на управата на НЛБ Банка Скопје и управата на Заваровалница Триглав – матичната компанија во Групацијата Триглав.

„НЛБ Банка Скопје, во партнерство со Триглав Осигурување Живот, уште еднаш ја потврдува заложбата за воведување на нови, современи производи и е првата Банка на пазарот која во своето портфолио на финансиски производи воведува инвестициско осигурување на живот. Воведувањето на новиот производ е во согласност со стратегијата на Банката за унапредување на понудата и овозможување на сеопфатни финансиски услуги за клиентите. При тоа, Банката, во улога на финансиски супермаркет, ќе може да понуди сеопфатно финансиско советување и оптимално управување со средствата на клиентите, со што обезбедува производи за моментални финансиски потреби и идна финансиска стабилност. Во услови кога каматните стапки на традиционалните депозитни производи го имаат достигнато историски најниското ниво до сега, воведувањето на иновативни финансиски производи е уште позначајно, бидејќи на овој начин на клиентите им овозможуваме различни можности за инвестирање на сопствените средства. Unit Linked производот нуди двојна придобивка, осигурување на живот и можност за остварување на  дополнителен принос на вложените средства преку нивно инвестирање во инвестициски фондови. Силно веруваме дека преку соработката со Триглав Осигурување Живот, во кој препознавме сигурен деловен партнер, ќе овозможиме и други иновативни производи во интерес на нашите клиенти“, истакна Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, на потпишувањето на договорот.


Complementary Content
${loading}