Можност за работа: МЕНАЏЕР ЗА ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА ЗА РАЗВОЈ НА СОРАБОТКА СО КЛИЕНТИ

 

Триглав осигурување живот

Објавува оглас за вработување на 2 (два) извршители за работно место

 

Менаџер за ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА

 ЗА развој на соработка со клиенти

Квалификации:

  • Високо образование  
  • Пожелно познавање на Англиски јазик
  • Докажано искуство во водење тимови
  • Комуникациски и организациски способности
  • Користење на MS Office (Excel, Word, Power Point, Internet)
  • Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост
  • Менаџерски вештини кон остварувањето на тимски цели и задачи

Компанијата нуди:

  • Комплетно опремена работна станица и службен телефон
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време во Скопје
  • Можност за брз кариерен раст во рамките на компанијата и групацијата
  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Фиксна плата и варијабилен надомест од секоја остварена продажба на полиса

 

Клучни работни задачи и одговорности:

  • Развој и управување со продажни активности
  • Склучување договори за животно осигурување
  • Остварување на продажни резултати и профитабилност
  • Анализа на пазарот и унапредување на продажбата
  • Координација, известување и поттикнување на тимска соработка

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                       Триглав осигурување Живот АД Скопје

  • Лична биографија (CV)

 

 

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават лично најдоцна до 18.06.2026 година на адреса: Булевар 3-та Македонска Бригада бр.36, 1000 Скопје, или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Complementary Content
${loading}