Можност за работа: Software Developer

                     

Триглав осигурување живот

Објавува оглас за вработување на 3 (три) извршители за работно место

 

“Софтверски програмер - Software Developer”

Цел на позицијата

Позицијата е одговорна за планирање, развој, интеграција и поддршка на апликативни решенија кои ги поддржуваат клучните деловни процеси на компанијата. Улогата вклучува соработка со аналитичари, програмери, архитекти и деловни единици, како и обезбедување висококвалитетни, стабилни и сигурни информациски системи.

Вработениот ќе биде вработен со полно работно време и со седиште во Северна Македонија, додека функционално ќе работи за Словенија и пошироката Групација, под надзор и водство на тимот за развој на производи лоциран во Словенија.

 

Клучни одговорности

  • Планирање на архитектурата на информациските системи и надградба на постоечките решенија.
  • Анализирање на нови технички решенија, алатки и пристапи, како и подготовка на предлози за нивна имплементација.
  • Развој на софтвер во согласност со внатрешните стандарди и методологии.
  • Интеграција на апликации и системи и учество во техничкото планирање на решенијата.
  • Подготовка на техничка документација, тестирање на компоненти и обезбедување на квалитет.
  • Поддршка и следење на развиените апликации и соработка со внатрешни и надворешни засегнати страни.
  • Воведување нови стандарди, алатки и најдобри практики во развојното опкружување.
  • Учество во проектни и развојни тимови и по потреба раководење со помали тимови.

 

Барања за работното место

Образование

  • Диплома за завршено високо образование во областа на информатички технологии

 

Технички вештини

  • Познавање на програмскиот јазик Java.
  • Алтернативно, познавање на барем еден објектно-ориентиран програмски јазик (C#, VB.NET итн.).
  • Познавање на Java frameworks: JSF, REST, Spring.
  • Познавање на веб технологии: HTML, CSS, JavaScript.
  • Познавање на релациони бази на податоци: DB2, MS SQL.
  • Искуство со GIT или друг систем за контрола на верзии.

 

Компетенции

  • Аналитичко размислување и способност за развивање оптимални решенија.
  • Иницијативност и подготвеност за учење.
  • Способност за тимска работа и ефективна комуникација.
  • Активно познавање на англискиот јазик и одлично познавање на барем еден од следниве јазици: босански, хрватски или српски.

 

 

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                      

  • Лична биографија (CV)
  • Диплома, сертификати и лиценци

 

 

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk  најдоцна до 05.10.2026 година.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

 

Триглав осигурување Живот АД Скопје

 

Complementary Content
${loading}