Можност за работа: “СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБА ЗА ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ”

                     

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД. СКОПЈЕ

Објавува оглас за пополнување на 1 (едно) работно место

 

 

СОРАБОТНИК ЗА ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБА ЗА

ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Предност ќе имаат кандидати со искуство во продажба или на слична работна позиција;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word);
  • Возачка дозвола од Б категорија;
  • Комуникациски и организациски способности;
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
  • Висока мотивираност и желба за надградба.

КОМПАНИЈАТА НУДИ:

  • Комплетно опремена работна станица и службен телефон
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време во Скопје
  • Можност за брз кариерен раст во рамките на компанијата и групацијата
  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим

 

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Развој на продажбата на полиси за осигурување на живот преку Банки;
  • Менторство и поддршка во продажниот процес и работата со Банките;  
  • Одржување на продажни состаноци со Банките низ Македонија;
  • Координирање на работењето и продажбата преку Банки;  
  • Одржување на обуки и менторирање на лиценцираните застапници на Банките низ Македонија;
  • Управување со портфолиото на склучени полиси преку Банките.

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                      

  • Лична биографија (CV)

 

 

 

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 10.03.2025 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk со назнака на позицијата за која се аплицира.

 

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

 

 

Триглав осигурување Живот АД Скопје

Complementary Content
${loading}