Можност за работа: СОРАБОТНИК ЗА АКТУАРСКО РАБОТЕЊЕ

                     

Триглав осигурување живот

Објавува оглас за вработување на работно место

 

СОРАБОТНИК ЗА АКТУАРСКО РАБОТЕЊЕ

Квалификации:

  • Високо образование  
  • Дозвола за работа (лиценца) како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување 
  • Познавање на законски прописи од областа на осигурувањето
  • Високо ниво на познавање на Англиски јазик
  • Комуникациски и организациски способности
  • Користење на MS Office (Excel, Word, Power Point), Internet
  • Пожелно дозвола за управување на моторно возило од Б категорија
  • Самоиницијативност, истрајност, лојалност и доверливост

Компанијата нуди:

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време во Скопје
  • Можност за брз кариерен раст во рамките на компанијата и групацијата
  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим

 

Опис на работни задачи:

  • Учествува во изготвување на писмени извештаи за извршените актуарски пресметки и проверки на математичките резерви
  • Учествува при подготвување на други актуарски пресметки во врска со оценка на ризиците на Друштвото
  • Учествува при анализа на минатите настани, оценка на тековниот ризик и моделирање за можните идни настани
  • Учествува во подготовка на пресметка за профитабилност по производ на Друштвото
  • Учествува во изготвување на статистички извештаи
  • Учествува во креирање на нови производи, тарифи, пакети и услови на Друштвото

 

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА  ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ОГЛАС                                    

  • Лична биографија (CV)
  • Дозвола за работа (лиценца) како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување 

 

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават лично најдоцна до 31.05.2025 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр. 18 кат 2, 1000 Скопје, или на            е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Complementary Content
${loading}