Денови на финансиска писменост

Финансиската писменост претставува комбинација на свесност, став, знаење и вештини  неопходни за донесување здрави финансиски одлуки и постигнување лична финансиска стабилност и благосостојба.

Разбирањето на финансиската сигурност преку животното осигурување е клучно за заштита на Вашата и иднината на Вашето семејство. Во стремежот за мирни и сигурни денови во нашите животи неопходно е важно да ја разбереме важноста на животното осигурување.  Тоа не е само полиса, тоа никако не е трошок туку инвестиција која гарантира дека вашите најблиски се заштитени од неизвесностите во животот.  При изборот на осигурување прашањето не е дали ќе се случи некој настан туку кога ќе се случи - а тогаш подобро е тој настан да  дочекаме со полиса отколку без неа!

Финансиската писменост не е нешто што се стекнува преку ноќ, тоа е процес преку кој поединците го подобруваат своето разбирање во врска со финансиските производи и концепти, односно преку информации, упатства и совети стануваат повеќе свесни за финансиските ризици и можности, способни при тоа да направат правилен избор базиран на информации.

Триглав Осигурување Живот А.Д. Скопје се придружува кон деновите на финансиската писменост а може да ни се придружете и Вие во разбирањето и ширењето на свеста за оваа непроценлива алатка за обезбедување на сигурна финансиска иднина доколку ги  контактирате нашите финансиски советници.

За повеќе информации,  

 📞 02 5102-201

 

Триглав Осигурување Живот А.Д. Скопје


Complementary Content
${loading}