Повик за свикување на редовно годишно собрание на Заваровалница Триглав

Предложена дивиденда за акционерите за 2018-та година во висина од 2,50 ЕВРА бруто
по акција

 

Управата на Заваровалница Триглав во согласност со финансискиот календар го свикува 44-то собрание на друштвото, кое ќе се одржи на ден 28.05.2019 година од 14 часот во Големата сала Б1, на Веровшкова улица 60 б, Љубљана

 

На споменатото собрание меѓу останатото ќе биде претставен годишниот извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2018 година, во која компанијата успешно работеше и доследно ги спроведуваше активностите за развој согласно стратешките насоки. Групацијата Триглав оствари 97,5 милиони евра бруто добивка (индекс 115) и ја зголеми профитабилноста на капиталот на 10,8% (во 2017 година 9,3%).

 

Учесниците на ова собрание во мај ќе одлучуваат за распределба на книговодствената добивка за 2018 година. Согласно усвоената политика за дивиденда, чие спроведување е подредено на среднорочно одржливо постигнување на целна адекватност на капиталот на Групацијата Трилав, Надзорниот одбор и Управниот одбор ќе достават предлог до Собранието на акционери на Заваровалница, за исплата на дивиденда во висина од 2,50 евра бруто по акција. Овие акции ќе се исплаќаат на акционерите регистрирани во акционерската книга на ден 12.6.2019 година, додека пак дивидендата ќе се исплати наредниот ден. Предложената дивиденда изнесува 70,3% од консолидираната нето добивка на Групацијата Триглав за 2018 година.

 

На дневен ред, на годишното собрание на акционери на Заваровалница Триглав е и одобрувањето на работата и водењето на работењето на Друштвото од страна на Управниот и на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за деловната 2018 година, како и именување на ревизор за деловните години 2019, 2020 и 2021.

 

Материјалите со предлог одлуките и нивните образложенија, на акционерите им се на располагање и на увид во седиштето на Заваровалница Триглав, Миклошичева бр.19 во Љубљана, секој работен ден до 28.05.2019 од 10 до 12 часот, како и на интернет страната: www.triglav.eu.

 

Повикот за 44-то собрание на акционери на Заваровалница Триглав заедно со материјалите, обрасците за пријава, полномоштвата за учество и гласањето се објавени на интернет страната на Љубљанската берза како и на:

http://www.triglav.eu/sl/odnosi_z_vlagatelji/za-delnicarje/skupscina.


Complementary Content
${loading}