Претходни активности поврзани со евентуално издавање на субординирана обврзница

Заваровалница Триглав информативно соопштува дека ја разгледува можноста за издавање на нова субординирана обврзница, со која што би се заменила постоечката субординирана обврзница, која што доспева во 2020 година. Станува збор за редовни активности на управување со капитал на Групацијата Триглав, со кои што осигурителната компанија обезбедува оптимална капитална структура и нејзина трошковна ефикасност.

 

Информацијата не претставува јавна понуда на обврзници согласно Законот за пазар на финансиски инструменти, ниту претставува каква било обврска на осигурителната компанија за издавање на обврзници. За евентуално издавање на субординирана обврзница ќе се одлучи по проверка на пазарните услови.

 

Повеќе информации за позицијата и работењето на Групацијата во 2018-та година можете да најдете тука.


Complementary Content
${loading}