Групацијата Триглав го зголеми обемот на работа, а добивката е очекувано пониска

Триглав на македонскиот пазар работеше добро
и во согласност со стратешките насоки

 

Во отежнати и неизвесни услови на пандемија, Групацијата Триглав останува фокусирана на своите стратешки насоки, на профитабилното и сигурно работење. Во првите девет месеци од годината, оствари 6% поголема консолидирана бруто премија од осигурување (960,9 милиони евра) споредено со истиот период минатата година, и на поголемиот број пазари оствари премиски раст. Нејзината добивка пред оданочување од 62,4 милиони евра е за 13% помала во однос на истиот период минатата година, што најмногу се должи на состојбата на финансиските пазари, а понатаму и на многубројните штетни настани и зголемувања на резервации заради актуелните услови на работење. Комбинираниот коефициент изнесува поволни 91,4%. Во услови на неизвесност, Групацијата ги задржува направените проценки на годишна добивка, истовремено оценувајќи дека нејзиното осигурително и инвестициско портфолио е доволно отпорно, а капиталната позиција соодветна и во можност успешно да ги носи зголемените ризици, што се потврдува и со добиените високи бонитетни оцени оваа година. Друштвата на Групацијата Триглав на македонскиот пазар во првите три квартали од 2020 година работеа добро, во согласност со стратешките насоки, притоа обезбедувајќи непречено работење во вонредни услови на пандемија.

 

Деветмесечна добивка. Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година оствари 62,4 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување (индекс 87). Дел од добивката пред оданочување, којашто произлегува од осигурително-техничкиот дел од работењето, се зголеми за 10% во однос на минатата година и изнесува 60,4 милиони евра (минатата година 54,7 милиони евра), а дел од добивката, којашто произлегува од финансиските вложувања изнесува -0,2 милиони евра (минатата година 14,9 милиони евра), што најмногу се должи на формирањето дополнителни резервации во сегментот на животни и пензиски осигурувања.

 

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар изјави: „Во овогодинешните услови на пандемија со COVID-19 уште појасно ја остваруваме својата мисија да ОБЕЗБЕДИМЕ ПОСИГУРНА ИДНИНА. Своето работење на поединечни пазари, динамички го прилагодуваме во согласност со мерките за заштита на здравјето на вработените, клиентите и останатите учесници, при што континуирано обезбедуваме услуги и остануваме одржливо ориентирани и цврсто поврзани со опкружувањето во коешто делуваме. Во овогодинешното работење продолжуваме со дисциплинирано преземање на осигурителни ризици, се грижиме за ефикасноста на трошоците и спроведуваме интензивни продажни активности, на чии основи во првите девет месеци од годината го зголемивме обемот на работење.  Задоволни сме со остварената добивка.“  

 

Осигурително-технички дел од работењето. Во споредба со истиот период минатата година, Групацијата оствари 6% поголема консолидирана бруто премија од осигурување споредено со минатата година (960,9 милиони евра) и постигна поволен комбиниран коефициент од 91,4%. На словенечкиот пазар, растот на премија изнесуваше 5%, а на пазарите надвор од Словенија, 6%. Премијата се зголеми во сите три сегменти од осигурувањето, и тоа за 6% кај имотните осигурувања, 2% кај животните и пензиските осигурувања и за 14% кај здравствените осигурувања. На штетните настани, освен зголемениот број на настани (олуја со град на три пазари и земјотрес во Загреб), влијаеше и пандемијата. Обемот на бруто исплатени штети (505,0 милиони евра) осцилира во зависност од групата, односно видовите на осигурувања, а во вкупен износ е споредлив со истиот период минатата година. Групацијата формираше соодветни осигурително-технички резервации за настанати, а неисплатени штети и за предвидени исплати на бонуси за намален број на штети во некои сегменти од работењето, како и за намалени економски активности.

Инвестициско портфолио и средства на клиентите со коишто се управува. Ситуацијата на финансиските пазари и оваа година предизвикува намалување на приходите од камати, а со тоа и пониски приноси од 3,4 милијарди евра во големото инвестициско портфолио на групацијата. Во периодот од јануари до септември, 2020 година приносите изнесуваа 41,5 милиони евра (индекс 62). Групацијата спроведува релативно конзервативна инвестициска политика и состав на портфолио и притоа активно управува и изведува помали прилагодувања на уделите на поединечни инвестициски класи, со цел зачувување и соодветна диверзификација на портфолиото и негова сигурност и квалитет. Поради понатамошно намалување на општото ниво на каматни стапки, Групацијата формираше соодветни технички резерви во сегментот на животни и пензиски осигурувања, што влијаеше на намалувањето на деловниот резултат од финансиски инвестиции.

 

Преку компанијата Триглав Склади, Групацијата управува со средствата на клиенти во 18 заеднички фондови во Словенија и три фондови во Хрватска, коишто се стекнати со преземање на АЛТА фондовите (АЛТА Склади) и се во процес на трансфер на управување, односно продажба. На крајот на септември, средствата во управување во заедничките фондови на клиентите на Триглав изнесуваа 1.020 милиони евра. Обемот е споредлив со нивото на крајот на 2019 година, бидејќи влијанието на намалувањето на вредноста на средствата поради условите на финансиските пазари Групацијата го усогласи со постигнатите зголемени нето-приливи во фондовите. Оваа година, Групацијата во Словенија дополнително ја зајакна лидерската позиција меѓу компаниите за управување во сегментот на заеднички фондови, а нејзиниот удел на пазарот во споредба со крајот на 2019 година се зголеми за 0,4 процентни поени, на 34,3 проценти.

 

Управување со трошоците. Вкупните консолидирани бруто оперативни трошоци останаа на нивото од истиот период минатата година (222,3 милиони евра), исто како и трошоците поврзани со осигурителната дејност (199,3 милиони евра). Нивното учество во пресметаната бруто премија од осигурување се намали за 1,4 процентни поени, на 20,7 проценти.

 

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар го коментираше работењето на Групацијата Триглав на годишно ниво и за следната година: “И во втората половина одоваа година неизвесните услови оневозможуваатсигурни проценки на годишната добивка пред оданочување, којашто е планирано да изнесува помеѓу 95 и 105 милиони евра. Остануваме на објавената проценка дека намалувањето најверојатно ќе изнесува помеѓу 10 и 25 проценти од планираното. Во исто време, проценуваме дека осигурителното и инвестициското портфолио на Групацијата Триглав се доволно отпорни, а капиталната позиција соодветна за да можеме успешно да се справиме со зголемените ризици. Ова е потврдено со овогодинешниот висок кредитен рејтинг „А“ со стабилна среднорочна прогноза од две признати агенции за кредитен рејтинг. Што се однесува до 2021 година, врз основа на избраното веројатно сценарио за услови на работа, планираме добивка пред оданочување од 85 до 95 милиони евра, зголемување на обемот на премии од 1,2 до 1,3 милијарди евра и одржување на комбинираниот коефициент под 95 проценти “.

 

Групацијата Триглав на македонскиот пазар

Во трите квартали од 2020 година, компаниите од Групацијата Триглав на македонскиот пазар работеа добро, следејќи ги внимателно стратешките насоки на групацијата и успешно справувајќи се со предизвиците предизвикани од вонредните услови на пандемијата.

 

Континуираната водечка позиција на пазарот на неживотно осигурување го потврдува квалитетот на услугите што ги нуди компанијата. Во доменот на неживотно осигурување, Триглав оствари подобар резултат кај комбинираниот количник во споредба со истиот период минатата година, што укажува на профитабилноста во доменот на неживотното и здравственото осигурување.

 

Заклучно со третиот квартал од 2020 година, Триглав обезбеди бруто полисирана премија во износ од 33,7 милиони денари, којашто е за 53% поголема споредено со истиот период минатата година и го зголеми уделот на пазарот во овој сегмент.

 

Во областа на пензиското осигурување, Триглав во трите квартали од оваа година обезбеди раст на бројот на членовите на задолжителниот пензиски фонд од 65% во споредба со минатата година и раст на средствата со коишто управува од 146%. Отстапувањата од планот се должат во голема мера на многу помалиот обем на нови вработувања, како и на вонредните услови и ограничувања поради пандемијата.

 

Работењето и животот во услови на пандемија се секојдневен предизвик за сите нас, но Триглав има јасна визија и стратегија каде оди, што сака да постигне и на кој начин. Во текот на овие три квартали, ги интензивиравме нашите напори во насока на дигитализација на услугите и деловно работење на далечина, со цел да им помогнеме на нашите клиенти и на вработените и да овозможиме непрекинато работење.Исто така, се фокусиравме и на општествената одговорност, за којашто веруваме дека е исклучително важна во вакви ситуации и помагавме на здравствените институции во земјава. Во сегментот на неживотно осигурување постигнавме раст кај доброволното здравствено осигурување, карго осигурувањето и осигурувањето од одговорност. Во доменот на животното осигурување започнавме да продаваме осигурување преку банко продажниот канал и воведовме нов производ, Unit Link. Фокусот во доменот на пензиското осигурување е секако што подобар инвестициски резултат на фондот со којшто се управува. Задоволството и лојалноста на нашите клиенти е стратешки приоритет во сите сегменти на осигурувањето“, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.


Complementary Content
${loading}